Нападната скопјанка во ресторан во Центар

Во Полициската станица Центар, Е.М.(35) од Скопје вчера во 18.00 часот пријавила дека во 02.00 часот во угостителски објект на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била физички нападната од Д.Н. од Скопје.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мечките Марко и Мартина ќе си заминат од Зоолошка градина

Живеалиштето им е многу мало, па затоа мечките Марко и Мартина ќе си заминат од скопската Зоолошка градина. 

Од Зоолошката велат дека мечките ќе ги донираат во некоја друга зоолошка со која соработуваат. 

ИНнаку во нашата Зоолошка има четири мечки, а живеалиштата им се мали. Марко и Мартина ќе заминат, а ќе останат браќата Бим и Бум.

Од Зоолошката најавуваат дека во иднина ќе го реновираат живеалиштето на мечките кои ќе останат се со цел да добијат нормални услови за живеење. 

Улици во Скопје денес ќе бидат без вода

Корисниците од бул. „АСНОМ“ ниска зона од бр. 46 до бр. 50 во општина Аеродром утре од 9.30 часот ќе немаат вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради промена на ППХ од ф-300 мм  на бул. „АСНОМ“ бб и ќе трае до завршување на зафатот.

ФОТО: Старата скопска автобуска станица покрај кејот на Вардар

Во едно поинакво и веќе далечно минато, скопската автобуска станица била лоцирана на покрај кејот на Вардар, каде како што сведочат нешто повозрасните сограѓани, местото било убаво уредено и раздвижено, но имало и свои недостатоци. Тие се сеќаваат дека оттука многумина тргнале во војска, на разни патувања, а по земјотресот автобуската била преместена.

- Имаше 13-14 перони и се функционираше многу точно и добро. Локацијата беше одлична, а во околина имаше многу локали и продавници, сведочат скопјани.

Популарно