ФОТО: Секси мама одново е секси мачка

Откако стана мајка и на свет ја донесе малечката убавица со необично име Кара Розмари, некогашната манекенка и топ модел Цеце  Георгиев (порано Орешкова)  тргна да се врати во топ форма. Најпрвин изгледот и килограмите бргу ги донесе во склад со телесната конфигурација, па затоа реши одново да се впушти во „работна акција“.

Претходно, за да се осугура дека се е како што треба со неа и нејзиниот изглед кој сега потсетува на оној стариот од „златните времиња“ на манекенската писта, Цеце направи неколку пробни фотографии. Со онаа првата каде е подразголена на непозната плажа, покажа дека се’ уште го носи во себе сексапилот па макар ја сликале од зад грб во тилот!

Откако се убеди дека се е во ред со задницата, на ред е проверка на предницата, со една „нафталинска“ и една најнова фотографија… Чисто заради споредба на ликот – некогаш и сега. И секако онашто лежи во деколетето – денес и на времето!

Фотографијата од лифтот за самодоверба на манекенката дека без проблеми може да влезе и во панталони, па кусо видеоклипче во седечка поза, каде до израз доаѓаат долгите нозе…

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@studiokadora @idteam.hairbar @nikolaadzievski

A post shared by Cece Georgiev (@cecegeorgiev) on

Откако се увери и убеди дека иако е секси мама, се’ уште може да биде секси мачка, Цеце тргна во вистинска акција…

Време е за снимање нова фотосесија и реклами, за да се покаже што треба да носат и како да изгледаат вистинските дами.

Чекор по чекор, кадар по кадар, од лицето кон градниот кош и резултатот никако не може да биде лош…

Цеце Георгиев одново позира… Секси мама како вистинска дама. Секси некогаш – секси секогаш!

Годините се само бројка за нејзе

Водителката Гала топлес на плажата беше снимена како му мавта на пилотот кој полетува со хидроавионот. Бугарската ТВ водителка Гала од Малдивите се пофали со гола фотографија.

Водителка на шоуто „На кафе со Гала“, која во февруари наполни 52 години, се соблече топлес, а нејзиниот сопруг Стефан ја снимаше на плажа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На острова всички помагаме😄😏

A post shared by ГАЛА / GALA (@gala_na_kafe) on

ФОТО: Северина се стегна во ултра краток шорц

Една од најпознатите пејачки во регионот, Северина Којиќ, повторно плени со изгледот. Нејзиниот Инстаграм е полн со „голицкави“ фотографии кои докажуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро, посебно кога е во 48-та година од животот.

Во најновото селфи Севе е облечена во ултра краток шорц и голо стомаче, а нејзините нозе се „лајкнати“ од 15 илјади луѓе само за неколку часа.

„Изгледаш како девојка, напишала некоја од фановите, а во коментарите се и изрази на љубов од обожавателите од машкиот пол.

Иако годинава се најде во море на афери и скандали поврзани со борбата за старателство над синот, на Северина изгледа дека ништо не може да и ги замрси плановите и среќата.

ФОТО: Кија Коцкар се соблече во танга и го запали Инстаграм

Победничката на „Задруга 1“ Кија Коцкар, своите фанови на Инстаграм ги почести со жешка фотографија.

Имено таа позирала во танга и бела маичка, а по објавената фотографија следеа низа коментари и лајкови.

Погледнете ја:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A ja ostajem bez glasa kad mi stavi ruke oko pasa.mp3

A post shared by KIJA KOCKAR (@kijakockar) on

Популарно