Вооружен напад во болница во чешка Острава

Во нападот што се случил утринава во 7 часот, најмалку шест лица се убиени во пукотница во болница во чешкиот град Острава.

Полицијата ја евакуирала болницата и го бара напаѓачот, кој е во бегство. На местото на нападот се наоѓаат припадници на специјалната полиција.

Полицијата претходно јави дека четири лица се убиени, а двајца тешко се ранети, но во меѓувреме бројот на загинати се зголеми на шест.

Според непотврдени информации, напаѓачот бил облечен во црвена виндјакна.

-Полициската интервенција се уште е во тек. За жал, во нападот животот го загубија повеќе лица. Нема да коментирам детали за тоа. Полицијата прави се што е потребно за да ја реши ситуацијата, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек за чешката јавна телевизија.

Чешките медиуми наведуваат дека пукањето се случило во една од амбулантите на болницата во Острава, град на североистокот од земјата.

Трагедија во Кичево: 18 годишно момче почина од струен удар

18-годишно момче од кичевско, вчера доцна попладне починало од струен удар.

Како што соопшти МВР, нешто по 17 часот вчера во полициската станица во Кичево било пријавено дека момчето се здобило се повреди предизвикани од струен удар во куката на свој соселанец. Веднаш било пренесено во кичевската болница каде што им подлегнало на повредите. Се уште нема информации како дошло до несреќата. Од МВР велат дека нивна екипа извршила увид по што ќе следи целосно расчистување на случајот.

Објавена снимка од трагедијата во Претор: Спасувачи се обидуваат да го пронајдат телото и извлечат од водите

Младо момче се удавило вчера во Преспанското езеро, во Претор.

„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.

Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка, и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата.

Според последните информации на ТВ21, момчето се уште не е најдено, а во потрагата се приклучиле и нуркачи од Охрид.

Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото.

ВИДЕО: centar.mk

(Видео) Загина еден маринец, 8 исчезнати од амфибиска единица во Калифорнија

Еден маринец загина, двајца се ранети, додека осум се водат како исчезнати после несреќата во која учествуваше амфибиско возило на воената морнарица во близина на брегот на јужна Калифорнија.

Несреќата се случила вчера, а во спасувачката акција учествувале припадници на морнарицата и крајбрежната стража, пренесува "Associated Press".

Во несреќата сите војници биле дел од 15-та поморска експедициска единица, потврдија надлежните органи.

Популарно