Тажна вест: Малата Сандра од Крива Паланка ја загуби битката со животот

Малата 13-годишна Сандра Ангеловска од Крива Паланка ја загуби битката со животот.

Сандра која боледуваше од SARCOMA HIGH GRADE (тумор) и за која имаше отворен апел за помош, а хуманите граѓани донираа и собираа пари, за жал, почина завчера, а вчера беше погребана.

Откако им рекол дека нема пари го застрелале во глава во неговиот дом

Пред полноќ имало пријави за пукотници во скопско Инџиково.

Според првични информации околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49-годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини, пишува алсат-м.

Вооружените лица им побарале пари, откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол према И.А и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец. Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А.

Еден починат и тројца повредени во сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли

На 11.08.2020 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата oд лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. 

МВР со детали за пожарот во Ново Лисиче- изгореа три автомобили

„На булеварот АСНОМ, на паркинг има целосно опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје.

Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема.

Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Популарно