СНЕГ НИЗ МАКЕДОНИЈА- еве каде вечерва врне најмногу!

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Уште едно дете во детска градинка позитивно на корона вирус

Во струмичката градинка има дете позитивно на КОВИД – 19. Резултатите пристигнале денеска, а детето не било носено на градинка од понеделникот.

Во моментов течат консултациите со епидемиолошката служба за постапувањето во градинката но и тоа колкумина вклучително и деца ќе бидат ставени во изолација.

Засега не се открива за кој клон на детската градинка „Детска радост“ станува збор. Неофицијално, детето го добило вирусот од член на семејството.

Зголемена казната затвор за убиецот на тинејџерот Никола Христовски во Ново Лисиче

А.Т. (18) кој со нож смртно го прободе тинејџерот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче доби една дополнителна година затворска казна. Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на обвинителството и убиецот наместо три, сега добива четири години.

Првостепената одлука предизвика огромно незадоволство на социјалните мрежи и имаше протести од страна на граѓаните од Ново Лисиче. Според судската одлука, А.Т. дошол од друга населба во Ново Лисиче и носел нож со себе, а откако голема група млади го бркале, навредувале и напаѓале, тој во безизлезна ситуација го прободел Христовски.

-Пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува во делот на одлуката на кривичната санкција, на начин што обвинетиот А. Т., кој со првостепената пресуда е огласен за виновен за кривично дело убиство на миг по чл.125 од Кривичниот законик, согласно тој член и одредбите на чл.4,32,33,35 и 39 од КЗ, се осудува на казна затвор во траење од 4 години во која казна се засметува времето поминато во притвор сметано од 14.08.2019 година до 07.04.2020 и времето поминато во куќен притвор од 20.05.2020 година до 19.07.2020 година. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува, велат од Апелациониот суд, во одлуката до која дојде 24Инфо.

Апелација не ја прифати жалбата на обвинетиот дека во критичниот момент делувал во нужна одбрана, бидејќи во конкретниот случај нема пропорционалност меѓу интензитетот на нападот и реакцијата на сторителот при одбраната.

-Имено, околностите поврзани со видот, карактерот, тежината и сериозноста на ова кривично дело, големата општествената опасност од ваквиот вид на кривични дела, степенот на кривичната одговорност на обвинетиот заштитното добро и во таа смисла јачината на загрозување на истото доведени во корелација со личните, семејни и материјални прилики на обвинетиот, пред се неговата возраст – истиот е помлад полнолетник, со се уште неоформено средно образование, невработен, нема оформено свое потесно семејство, досегашното примерно поведение – фактот да е неосудуван, не се водат ниту други кривични постапки упатуваат на потребата од изрекување на повисока казна затвор, се вели во образложението на заповисоката казна.

Те сакаме многу, ама слободно трчај по твоите ливади: Децата од болница се простуваат од Филип

Ни кажа дека сакаш ливади, дека најмногу ти недостига мирисот на тревките, ни кажа дека многу не сакаш.

Другарче, и ние те сакаме најмногу, ќе ни недостигаш многу, но веќе не се плашиш, слободен си, затоа слободно трчај по твоите ливади, уживај во мирисот на тревките, а ние додека сме тука, ќе продолжиме каде што застана. Нашите другари, децата во болница, ќе ги потсетуваме на нивниот неуморен, смешен Фичо.

Вака се простија од Филип Димишковски децата болни од леукемија, пренесе и Сано која ја има и родителската куќа за децата болни од рак. 

Тие добро го познаваат 24 годишниот Филип. Нему пред две години му беше извршена првата трансплантација со матични клетки од несроден дарител. Филип беше болен од акутна миелобластна леукемија.

Популарно