ФОТО: Ова е убавата воспитувачка која полицаецот од Стара Пазова ја разнесе во автомобил со рачна бомба

Павле (31) од Стара Пазова, Србија најверојатно поради нерачистени љубовни сметки со Марина (28), активирал рачна бомба во автомобил и заедно со себе ја одвел и неа во смрт.

Што точно се случило пред да ја активира бомбата знаат само тие двајца, а таа тајна со себе ќе ја однесат во гроб.

Марина работела како воспитувачка во гардинка во која оделе и децата на Павле, па се претпосртавува и дека тука се запознале. Според зборовите на своите блиски, Марина изненада го напуштил работното место и заминала да работи во родното место.

Неофицијално во Нова Пазова најпрвин се вработила во локалната градинка, во која работела 4 месеци, а потоа во другар градинка близу нејзината куќа каде работела кобното утро.

Според нејзините најблиски таа го напуштила работното место за да не го гледа веќе Павле кој често ги ноосел децата во градинка.

Наводно Марина го оставила своето долгогодишно ммче поради Павле, но тој не сакал да се разведе од сопругата, па затоа таа решила да го прекине контактот со него и да се врати на старата љубов за да може да си основа свое семејство. Сепак пријателите на Марина негираат дека таа го терала Павле да се разведе.

Колегите на Павле, кој бил полицаец се затечени од ваквата вест, посебно зошто оставал впечаток дека е сеемен и посветен човек. Инаку тој во јавноста бил познат бидејќи изработувал икони. Двајцата ќе бидат погребани утре во 13 часот.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Популарно