Карлеуша објави фотографија со Тоше Проески која досега ја немаме видено

Денес се навршуваат 39 години од раѓањето на Тоше. Тој ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари многу љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Карлеуша и Тоше беа многу добри пријатели и колеги. Спомените од времето кога се дружеа таа реши да ги сподели со своите обожаватели и следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Во продолжение погледнете ја објавата на Јелена:

Стоја: „Немав што да јадам, компири деле во сосетката“

Стојанка Новаковиќ Стоја многу сакала да стане пејачка, но нејзиниот татко се противел на тоа, па се омажила и на 17 години го родила синот Милан. После само три години брак сопругот ѝ загинал во сообраќајна несреќа, а таа останала сама со синот.

„Немав што да јадам, делев компири со сосетката, но секогаш за родителите, кога ќе ми дојдеа на посета имав сок и кафе. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме и мојата самодоверба ме туркаше напред“, рекла Стоја.

Иако пејачката со години тврдела дека нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа, постојат и приказни дека всушност се фрлил во река.

„Ми беше тешко во тоа време со своите родители да се докажувам кои натписи се точни, а кои не се. Кога во весници излегоа наслови за мојот сопруг, не ме допираа затоа што јас се борев за своето дете“, рекла пејачката.

ФОТО: Славица Чуктераш бесна им одговори на тие што ѝ оставаат лоши коментари

Српската пејачка Славица Чуктераш од голманот Владимир Абрамов се разведе неодамна, а од тогаш не престанува да добива неумесни коментари на социјалните мрежи.

Имено, многумина мислат дека Славица е „како пуштена од ланец“ откако е слободна, а таа одлучила на тие лоши коментари да им одговори на Инстаграм.

Еден корисник отишол толку далеку што на пејачката ѝ напишал дека служи само за секс, а таа вратила:

„Мрш сите што дрвите дека мајките треба да се изгубат себеси и животот, сите сте тешки психопати. Сега блокирај се сам“.

ФОТО: Анстасија Ражнатовиќ покрена нов тренд

Ќерката на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија на својот Инстаграм профил споделувала објави од забавата на која присуствувала, не знаејќи дека ќе предизвика „бум“ во јавноста.

Додека таа се смеела пред камерите и пеела, многумина не го тргале погледот од нејзините необични обетки. Во вид на отворачи од лименки биле нејзините обетки кои изненадија многумина.

Популарно