ВИДЕО: Заплака и еден од најголемите ривали на Коби

Не можеше да ги скрие емоциите, по загубата на една од најголемите играчки легенди на НБА лигата, иако во кариерата постојано беа лути ривали.

Тренерот на Клиперс, Док Риверс, заплака во интервјуто за Брајант откако беше објавено дека Мамбата го загуби животот во хеликоптерска несреќа:

Заедно со Коби Брајант (41), во хеликоптерот биле и неговата 13-годишна ќерка Џана и уште 7 други лица. Во несреќата, нeма преживеани.

(Фото) Тешка сообраќајка кај Дрекслмаер во Кавадарци

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека засега не може да даде повеќе детали,  бидејќи во тек е увидот на местото на настанот.

Од Брза помош Кавадарци за МИА потврдија дека едно лице на возраст од 28 години е починато, а сообраќајката била меѓу трактор и автомобил.

Извор: Вечер

Исчезна 25-годишно момче, семејството бара помош

Исчезнат е 25-годишниот Димитар Мицковски. Неговото семејство и блиски бараат помош. Велат дека последно го виделе пред 12 дена, кога заминал да собира печурки. 

Димитар е висок е околу 180 см. Кога заминал бил облечен во тегет тренерки и црно капче.

Ако некој го видел или знае нешто веднаш да пријави во полиција. 

Гром уби човек во светиниколско

Жотел на селото Дарфулија крај Свети Николе го загубил животот откако гром удрил во него додека ги напасувал овците во атарот, објави МВР во полицискиот билтен.

Несреќата се случила синоќа во 20.00 часот кај местото  „Дорфулиски ливади“, а Т.Ш.(46) загинал на самото место.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Популарно