Месечен хороскоп

ОВЕН

Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се употреби како аргумент против вас. Не им верувајте ниту на оние кои добро и долго ги познавате.

Љубов – Се` што треба да биде, ќе биде одлично бидејќи Уран ви донесува мир и стабилност во љубовта. Секако, секоја врска ја прават убава и оние помалку убави работи, такашто во текот на месецот ќе имате мали несогласувања со партнерот, но се` ќе се реши онака како што вие би сакале. Овој месец ќе имате помош од ѕвездите во решавањето на сите љубовни проблеми. Слободните Овни во Новата година треба да влезат ослободени од сите предрасуди, особено предрасудите кои ги имаат кон луѓето, поради што моментално се слободни.

Здравје – Првиот здравствен совет е нешто што сте го слушнале повеќе пати, но обидете се сега да го сфатите сериозно – за сите проблеми кои ќе се појават консултирајте се до доктор. Не си дозволувајте себеси овој месец ништо да не ве мачи.

БИК

Работа – Овој месец не можеме да го сметаме за сериозен период на планови, па и вас ве очекува истата судбина во текот на наредните денови. Ако треба да се сконцентрирате на нешто во текот на февруари, нека тоа бидат плановите за иднина, и тоа плановите кои ќе ги донесете врз основа на грешките кои сте ги правеле во текот на минатата година.

Љубов – Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на февруари.

Здравје – Во февруари актуелни се сезонските вируси и болести, па трудете се да внимавате на имунитетот, поточно да го зајакнувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа– Годината ќе ја започнете со доста елан и работна сила, па добро би било да ги искористите за да направите некои резултати поради кои на крајот на годината ќе имате насмевка на лицето и плус денар в џеб. Имате одлични аспекти за добар месец, па реализирајте ги како знаете и умеете. Потребно е да сфатите дека ова не е месец кога ќе направите големи пари, планетите само ви се во позиција на полето на парите.

Љубов – Што се однесува до љубовта, тензиите кои сте ги имале во претходниот период ќе исчезнат. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.

Здравје – Чувајте го вашето здравје, затоа што овој месец потешко ќе поминат Близнаците кои имаат хронична болест.

РАК

Работа – Ако дадете се` од себе и тргнете со максимална напор, успехот е загарантиран. Дајте се` од себе за да започнете некои нови работи. Ви претстојува прекрасен период, од кој и тоа како ќе ги берете плодовите. Доста другите земаа пари, време е и вие да заработите нешто. Соберете храброст, одете во поход бидејќи вие и тоа како имате сила да успеете. Ако не сакате да ризикувате работете го она што го работите, и ќе добиете пофалби.

Љубов – Февруари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. Ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер – никогаш не се знае.

Здравје – Вашето здравје треба да ви биде најважно на целиот свет, па добро би било да посветите повеќе време и малку да размислите за вашите лоши навики.

ЛАВ

Работа – Очекувајте позитивен тренд што се однесува до работата. Лавовите се познати како луѓе кои секогаш тежнеат кон подобро, кон напредок, а што се однесува до ситуацијата на работа, овој месец ќе бидете забележани, па вашата работа сигурно ќе донесе резултати – затоа изолирајте се од сите и бидете вредни. Имате доста енергија за работа. Она на кое треба да внимавате се преголемите желби; треба да сфатите дека не можете баш се` наеднаш на направите.

Љубов – Што се однесува до љубовта, линијата на вашиот љубовен графикон оди нагоре. Ситуацијата е многу подобра отколку претходните месеци, па ако сте имале било какви проблеми со партнерот, сега сигурно можете да ставите крај и повторно да се вратите во нормална комуникација, каква што треба да имаат две заљубени души. За оние кои се слободни, пред вас е ризичен период за влегување во емотивна врска, како за вас, така и за оние кои неодамна започнале во врска, па потребно е добро да размислите за нешто посериозно.

Здравје – Одлична здравствена слика.

ДЕВИЦА

Работа – Додека припадниците на останатите хороскопски знаци мака мачат со работните проблеми овој месец, вам ѕвездите ви се насмевнуваат и имате одлични шанси на работа. Само треба да ги искористите. Периодот е и така поволен за нови зделки, разработка на старите, зајакнување на активностите на постоечкото работно место. Одлично е и за сите оние кои на било кој начин работат со странство, на сите чијашто работа е тесно поврзана со луѓе. Комуникацијата ќе биде на доста високо ниво, па поради тоа дајте се` од себе за да ги искористите шансите.

Љубов – Убав период што се однесува за заљубените Девици. Ако веќе подолго време сте во врска, сега е вистинскиот момент да ја доведете на едно ново повисоко ниво – брак и семејство. Оние кои веќе навлегле во овие води ќе уживаат пред се` во поддршката од партнерот, такашто сите останати проблеми паѓаат во вода бидејќи имате покрај себе некој кој е повреден од сето она поради кое се нервирате. Затоа, ако сте во можност да го изненадите партнерот со убав гест, кратко патување, макар и на еден ден, тоа дефинитивно треба да го реализирате.

Здравје – Првиот дел од месецот е добар, а вториот малку полош. Ќе бидете подложни на сезонски болести, настинки, проблеми со грлото, грип па дајте се` од себе да ви биде подобро.

ВАГА

Работа – Започнуваме со одлична прогноза, која се однесува на резултатите на работа во февруари – еден од најдобрите, ако не и најдобриот месец во текот на првата половина на 2020 година. Додека другите ќе одмараат, вие заборавате на забавувањето и се фрлате на работа. Макар и да сте сами во канцеларијата, додека другите слават, вие ја прифаќате работата и сте вредни. Овој месец е одличен за подобрување на постоечката работа и создавање на нови бизнис зделки.

Љубов – Во љубовта, за разлика од работата, нема да ви биде се` и така добро. Стандарден месец, а во текот на овој месец обидете се што повеќе време да го поминувате со партнерот и да му се предадете 100% бидејќи може да дојде до несогласувања и проблеми во односот доколку партнерот се почувствува запоставено. Ова е период на потенцијални авантури и забранети врски во кои би можеле да упаднете.

Здравје – Одлично. Можно е мало чувство на замор или краткотрајна депресија, која ќе исчезне исто како што дошла.

ШКОРПИЈА

Работа – Се надеваме дека не се потрошивте многу минатиот месец, бидејќи во текот на февруари ќе има трошоци, а во вашето поле на финансии е опасниот Сатурн кој само ве тера и тера на трошоци. Затоа, во секоја можна прилика запрашајте се дали баш нешто морате да купите или пак можете да поминете и без тоа. Февруари дефинитивно не е ваш месец, но за среќа брзо ќе помине па на крајот на месецот се` ќе тргне на подобро. Обидете се во овие 20-тина дена да ги завршите ситните работи кои ве очекуваат и да започнете комуникација и планирање на некои обврски кои од март ќе треба да ги имате завршено.

Љубов – Убав месец пред вас, барем на љубовно поле. Уживајте на сите можни начини и потрудете се вашата врска да ги усовршите работите, макар биле веќе 50 години во брак, не постои ништо поубаво од секојдневното заљубување и секојдневното докажување на оваа љубов. Нема да имате никаква препрека во текот на првиот месец од новата година, па не постои причина за загрижување. Слободните Шкорпии можат да очекуваат мирен месец и период кога нема да има никакви нови случувања, но главата горе, мора да биде подобро.

Здравје – Во текот на февруари вашата здравствена состојба треба да биде солидна, без поголеми проблеми. Она што постојано ве мачи е последица од стресот и уморот, па гледајте што повеќе да одморите и поквалитетно да се наспиете.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Како што стојат работите, на работно поле треба да биде добро, а истото е и на финансиско поле. Особено првите 15-20 дена, па потрудете се со сите сили да работите повеќе од останатите. Вие нема да сонувате, туку ќе се обидете да ги реализирате и да ги живеете вашите соништа – потрудете се да ја искористите секоја шанса што ќе ви се овозможи за да можете да заработите убави пари. Со самото тоа финансиските ефекти од февруари треба да бидат добри, можеби ве очекува некаква добивка до крајот на месецот и до крајот на наредниот период.

Љубов – Ви претстои и одличен период. Ве очекуваат бурни 20-тина дена. Оние кои неодамна се заљубиле и стапиле во врска, би можеле да се преиспитаат дали тоа е всушност вистинската работа. Мал број на Стрелци ќе имаат влијание од Венера, па ќе се впуштите во флертување и тајни врски и тоа во најблиското опкружување. Ако е веќе така, нека остане се` на флерт. За слободните Стрелци, Венера си поигрува со вашиот знак, па очекувајте интересен месец. Можно е да стапите во некоја врска или комбинација со поранешниот партнер, но ако барате вистинска љубов – тука нема да ја најдете.

Здравје – Внимавајте на имунитетот, ослабен ви е, и доста сте под стрес.

ЈАРЕЦ

Работа – Веднаш да ви ја пренесеме позитивната енергија – овој месец би можел да биде доста добар. Иако овој месец ефективно ќе биде пократок поради празниците и опоравувањето од истите, оној работен дел ќе биде доста добар, и ѕвездите ќе бидат со вас. Очекувајте помош од сите, од оние со кои работите и оние за кои работите. Дури и ќе имате поголема поддршка од оние над вас, што дотогаш не беше случајот. Секако, на вас останува сето тоа да го искористите на најдобар можен начин, пред се` со вредна работа.

Љубов – Што се однесува до љубовта, овој месец ќе ви се случат неколку флертови, тајни размислувања за некоја личност, а оние со повеќе авантуристички дух би можеле да стапат во некои тајни врски. Периодот од средината на јануари ќе го обележат мали расправии со партнерот, па бидете спремни на компромиси и тишина. Слободните Јарци во текот на месецот ќе се враќаат во минатото, што се однесува до љубовта.

Здравје – Здравјето ќе ви биде одлично и цел месец нема  да имате никакви проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа – Влегуваме во февруари, месец кој најбрзо ни поминува, а покрај тоа, месец во кој трошиме најмногу пари. А бидејќи овој февруари нема дефинитивно да имате убави спомени што се однесува до работата, првиот совет би било во никој случај да не вложувате пари во било што. Овој период кога би можеле да имате непријатности на работа, непријатности со луѓето кои отсекогаш сте знаеле дека се се`, само не луѓе, па обидете се да стоите настрана од нив. Вратете се на работата, дајте се` од себе да го направите она што се очекува од вас, и вашите финансии ќе бидат подобри.

Љубов – Би можел да ве дочека лош месец, а проблемите би можеле да бидат во врска со партнерот поради некои работи што тој ќе ги дозна за вас. Дали постои нешто што криете веќе подолго време од партнерот? Ако постои нешто вакво тогаш подгответе тактика за да го објасните сето тоа, а ако не постои тогаш партнерот е оној кој има своја тајна која и не би ви се допаднала. Ако сте слободни ќе ви одговара друштвото и вниманието од еден Лав, па ќе ве натера да се чувствувате романтично во текот на целиот месец.

Здравје – Внимавајте на сезонските болести.

РИБИ

Работа – Што се однесува на почетокот на годината, не е лошо. Првите 15-тина дена ќе спиете во зимски сон, а тогаш ќе се пробудите и тоа нагло. Во текот на средината на месецот ви доаѓа добар период – како за работни, така и финансиски планови кои ги имате. Во текот на месецот ќе имате поддршка од соработниците, шефовите… Она што ви препорачуваме е да ги вложите паметно парите, за да добиете плод.

Љубов – Што се однесува до емотивните односи, вашиот брод навлегува во мирна пловидба. Не би требало да има проблеми, па можни се изненадувања. Дружењето со пријателите, семејството баш како и што требало да биде февруари – прекрасно, па искористете ја можноста да ги подобрите односите кои и баш не ви се најдобри. Ако сте слободни, љубовта во текот на февруари нема да ја пронајдете. Затоа, фрлете се на работа, бидејќи љубовта нема да ви цвета.

Здравје – Здравјето е на исто ниво како претходните неколку месеци, па така ќе продолжи и во текот на целиот февруари. Не треба да се грижите за ништо.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска вашата иновација доаѓа до израз. Размислете за нови идеи и стратегии кои можат да го подобрат вашиот бизнис. Фокусирајте се на романтичните моменти со саканата личност. Покажете ги вашите чувства и бидете искрени. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Бик

Бикови, денеска фокусирајте се на долгорочните цели на работа. Поставете јасни цели и работете постепено за да ги постигнете. Бидете внимателни со саканата личност. Покажете интерес за нивните емоции и потреби. Внимавајте на очите. Редовните паузи од екраните и вежбите за очи може да го подобрат вашиот вид.

Близнаци

Близнаци, бидете трпеливи и тактични во деловните преговори. Дипломатијата ќе ви помогне да ги решите конфликтите на работа. Денес е добар ден за комуникација. Разговарајте со саканата личност за вашите очекувања и планови за иднината. Внимавајте на дишните патишта. Вежбите за дишење и престојот на свеж воздух ќе ви ја подобрат виталноста.

Рак

Ракови, денеска е поволен ден за преговори за зголемување на платата или дополнителни бенефиции на работа. Бидете храбри и изнесете ги вашите аргументи. Поминувајте повеќе време со саканата личност. Романтичните гестови ќе ја зајакнат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се справите со стресот.

Лав

Лавови, вашата посветеност и работна етика ќе ве издвојат на работа. Бидете фокусирани на вашите задачи. Денеска бидете внимателни кон саканата личност. Покажете ја вашата чувствителност и изразете ја вашата љубов преку мали гестови на внимание. Внимавајте на срцето. Редовната физичка активност ќе ја подобри вашата срцева издржливост.

Девица

Девици, бидете организирани и почитувајте ги роковите на работа. Ефективното управување со времето ќе ја подобри вашата продуктивност. Денес фокусирајте се на разбирање на саканата личчност. Емпатијата ќе ја зајакне вашата врска и ќе создаде хармонија во љубовта. Внимавајте на мускулите. Редовните вежби за истегнување ќе ја подобрат вашата подвижност.

Вага

Ваги, денеска е добар ден за размена на идеи со колегите. Креативната соработка ќе донесе нови перспективи на работа. Бидете отворени за компромиси во врската. Разговарајте за проблемите и наоѓајте решенија заедно. Внимавајте на сонот. Добриот одмор е клучот за враќање на вашата енергија.

Скорпија

Скорпии, бидете храбри и изразете ги вашите креативни идеи на работа. Вашата иновација ќе биде ценета. Ве очекуваат страсни моменти. Уживајте во интимните моменти со саканата личност и изразете ги своите фантазии. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Стрелец

Стрелци, денеска бидете трпеливи и истрајни во деловните преговори. Дипломатскиот пристап ќе ви помогне да постигнете договор. Бидете искрени со саканата личност. Отворената комуникација ќе ја зајакне вашата врска. Внимавајте на стомакот. Избегнувајте тешка и мрсна храна за да го одржите вашето дигестивно здравје.

Јарец

Јарци, денеска ќе се забележи вашата посветеност на работата. Бидете упорни во остварувањето на целите на работа. Денеска е ден за романтични состаноци. Поминете квалитетно време со саканата личност и изразете ја својата љубов. Внимавајте на коските. Внесувањето на калциум и редовното вежбање ќе ги зајакнат коските.

Водолија

Водолии, бидете отворени за нови идеи и предлози од колегите. Тимската работа ќе ве доведе до заеднички успеси. Внимавајте како се однесувате со саканата личност. Покажете ја вашата благодарност за поддршката што ја добивате. Внимавајте на сонот. Квалитетниот одмор ќе ви ја подобри енергијата и расположението.

Риби

Риби, денеска фокусирајте се на долгорочни цели. Вашата посветеност ќе ве доведе до успех на работа. Денес е ден за длабоки разговори со партнерот. Отвореноста и искреноста ја зајакнуваат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска креативноста е на врвот. Искористете ја за нови проекти и не плашете се да преземете иницијатива. Денеска чувствувате потреба за слобода во врската. Отворената комуникација со саканата личност ќе ви помогне да избегнете недоразбирања. Внимавајте со физичката активност – можни се повреди. Направете пауза за да си ја вратите енергијата.

Бик

Бикови, денеска е добар ден за финансиски потези. Можностите за заработка постојат, но важно е да бидете практични. Стабилноста во врската е клучна за вас денеска. Саканата личност ве поддржува, затоа искористете г времетоо за подлабоки разговори за заедничките планови. Добро се чувствувате, но не заборавајте за хидратација и урамнотежена исхрана.

Близнаци

Близнаци, денеска е можен неочекуван предизвик, но вашата способност за прилагодување ќе донесе позитивен исход. Љубовната врска денес е исполнета со возбуда. Неочекувани состаноци или пораки ќе ве израдуваат. Бидете внимателни со настинките. Зајакнете го вашиот имунитет и облечете се слоевито.

Рак

Ракови, денеска деловната ситуација е стабилна, но избегнувајте да донесувате важни одлуки. Фокусирајте се на деталите. Денеска сте емотивно почувствителни. Разговарајте со саканата личност и избегнувајте конфликти. Ви треба повеќе сон и одмор. Одморете се од стресот и фокусирајте се на себе.

Лав

Лавови, вашата харизма ви помага денес во преговорите и постигнувањето на целите. Бидете самоуверени, но не премногу импулсивни. Страста е нагласена, но внимавајте да не претерате со посесивноста. Саканата личност ја цени вашата љубов и внимание. Енергијата ви е добра, но не заборавајте за рамнотежа и правилна исхрана.

Девица

Девици, денеска е клучно да се биде организиран. Држете се до распоредот и избегнувајте непотребни заобиколувања. Пријатен ден за љубов. Можни се искрени разговори со саканата личност кои водат до уште поголема доверба. Добро се чувствувате, но внимавајте на респираторните патишта и избегнувајте студени места.

Вага

Ваги, можни се нови можности преку контакти и соработки. Бидете подготвени да ги земете предвид предлозите на другите. Можна е хармонија во врската, но бидете отворени за компромиси. Важно е да ги разберете потребите на вашата сакана личност. Најдете начин да се ослободите од стресот – прошетката или медитацијата ќе ви бидат пријатни.

Скорпија

Скорпии, денеска сте фокусирани и успешни во решавањето на предизвиците. Следете ги вашите инстинкти. Страста е присутна, но и напнатоста. Обидете се да бидете отворени и сочувствителни во комуникацијата. Внимавајте на нивото на енергија и сигналите што телото ги испраќа.

Стрелец

Стрелци, денеска можностите за надоградување и обуки се пред вас. Користете ги за личен развој. Авантуристички дух ве води денес. Саканата личност ја цени вашата спонтана енергија, но внимавајте да не претерате. Енергијата е силна, но внимавајте на исхраната и избегнувајте претерано стимулирачки пијалаци.

Јарец

Јарци, денеска деловните планови ќе се развиваат бавно, но стабилно. Фокусирајте се на долгорочни цели. Стабилноста во врската ви носи чувство на сигурност. Покажете ѝ благодарност на вашата сакана личност преку мали гестови. Можни се проблеми со зглобовите. Вежбите за истегнување можат да помогнат.

Водолија

Водолии, денеска е идеален ден за креативни проекти. Слободно изразете ги вашите идеи. Вашата спонтаност го воодушевува вашиот партнер денес. Заедно истражувајте нови активности и освежете ја вашата врска. Се чувствувате добро, но избегнувајте премногу активности во доцните часови за да заштедите енергија.

Риби

Риби, денеска фокусирани сте на задачи и детали. Вашата интуиција ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Денес сте особено чувствителни. Саканата личност ќе ја цени вашата нежност и внимание. Внимавајте на варењето. Лесна исхрана и внес на течности ќе ве задоволи.

Три хороскопски знаци кои секогаш го гледаат само најдоброто кај луѓето, дури и кога не го заслужуваат тоа

Постојат хороскопски знаци кои, без разлика на сè, секогаш наоѓаат добрина кај секого. Родени се оптимисти, веруваат дека светот е полн со добри намери и луѓе кои можат да бидат подобри. Додека другите би можеле да ги кренат рацете, овие знаци секогаш ја гледаат добрата страна и цврсто се држат до верувањето дека има добро во секого.

Еве ги хороскопските знаци:

Риби

Рибите се вистинските сонувачи за Зодијакот, а нивната емпатија и сочувство немаат граници. Тие го бараат нежното и невиното во секого, секогаш верувајќи дека секој човек е способен за љубов и добрина. Тие имаат тенденција да идеализираат, па често ќе гледаат потенцијал кај луѓето што другите тешко го забележуваат. Иако понекогаш може да ги повреди, Рибите цврсто веруваат дека светот станува поубав кога луѓето се покажуваат во најдобро светло. Кога некој ќе им предизвика болка, Рибите во тоа ќе гледаат само несреќни околности. Нивното срце е секогаш отворено за втора шанса, дури и кога другите едноставно би рекле – доста!

Вага

Вагите се природни миротворци и сакаат рамнотежа и хармонија во сè, па често ќе им даваат шанси на луѓето дури и кога другите ќе кренат раце. Вагата е оптимист кога се во прашање луѓето. Верува дека секој има добра страна, дури и ако треба да ја барате малку подлабоко. Вагите ја сакаат поврзаноста и се грижат за добрите врски, па затоа ќе вложат труд да ги разберат и најкомплицираните луѓе. Кога некој ќе ги разочара, Вагите долго ќе бараат изговори и ќе замислат како оваа личност би можела да биде подобра верзија од себе. Со насмевка и разбирливо срце, тој секогаш ќе најде начин да го види најдоброто во секого, само поради желбата за хармонија.

Стрелец

Стрелците се родени оптимисти и сакаат да ги гледаат луѓето низ објективот на потенцијалот и инспирацијата. Секогаш ќе дава втора шанса, трета и четврта, ако треба. Стрелецот сака да истражува и често кај секого ќе види можност за раст и авантура, убедени дека во секое срце се крие добра намера. Дури и кога некој ќе ги повреди, Стрелецот ќе го сфати тоа како лекција и ќе продолжи да верува во најдоброто. Тие веруваат дека светот е поубав кога на сите им даваме можност да се покажат во најдобро светло, па Стрелецот секогаш ќе гледа на посветлата страна и на тој начин ќе најде нешто достојно за восхит кај секоја личност.

Популарно