ВИДЕО: Во центарот на Скопје гладијаторски борби меѓу малолетници

Две момчиња се тепаат, а стотина други страсно навиваат. Сцената, која наликува на бокс-меч на отворено, ја следат и возрасни луѓе кои заедно со малолетниците го чекаат исходот.

Тепачката се случила минатата недела во скопски Капиштец. Очевидци велат дека оваа борба меѓу децата среде бел ден, во центарот на градот, не се случува прв пат. Пријавиле во полиција, но и по една недела од настанот, МВР сѐ уште го истражува инцидентот.

Филипче: Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле и официјално престанува со работа

После детектирани неколку позитивни случаи на коронавирус во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека истиот е затворен, и дека се чекаат резултати од 16 пациенти кои биле пациенти во последните денови.

„Во Козле Институтот за физикална медицина и рехабилитација престанува со работа, не прима пациенти, двајца од дијастогнозираните се на Инфективно, и ги очекуваме резултатите од дополнителните 16 пациенти од кои е земен материјал. Пациентите кои имаат потреба, услугата ќе ја бараат во амбулантскиот дел во болницата 8-ми септември“, рече Филипче.

Филипче: На Клиниката за инфективни болести има 54 пациенти

Имаме две починати лица од Ковид-19 вирусот, вчера во текот на денот доцна вечерта после полноќ маж на возраст од 45 години кој се лекувал на инфективното одделение во Куманово, па во болницата „8-ми септември“ каде е инцијално третиран. Имал влошување на состојбата и доцна вечерта е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде ниту реанимацијата не уапсеала.Имал контакт со член на семејството кој бил во странство. И другиот пациент е од Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал од 27.  март има 78 години исто така претходни болести за кои примал терапија, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„На клиниката за Инфективни болести се лекуваат 54 пациенти, 4-ца пациенти се критични, а 20 имаат потреба само од кислородна маска, останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка за дишењето. Во изминатите 24 часа потврдени 44 нови случаи, направени се вкупно 392 тестирања.  Вкупниот број на потврдени случаи во нашата земја изнесува 329. Вкупниот број на тестови направени во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 3518 тезтови и ги соопштуваме реазултатите од апсолутно сите.

Во Козле практично водот за рехабилитација не прима повеќе пациенти, престанува со работа, ги чекаме резултатите од 16 пациенти кои се тестирани. Нема да има работна активност, сите на кои ќе им биде потребна медицинска помош да бараат во „8-ми септември“. Разговараме и за моделот со кој може да се забрзаат резултатите и еден дел од мобилните тимови ќе биде посветен токму за земање на анализите од болницата 8. септември, а друг ќе работи преку системот на закажување, пред се за повозрасните граѓани со цел тие да не излегуваат од дома. Веќе е во функција пунктот во Чаир, а од утре се отвора пунктот во Млим Балкан. До крајот на неделава започнуваат со работа останатите пунктови во останатите градови.

Денска ги очекуваме трезултатите за двајца пациенти, за тој од Битола и жената од Лабуниште. Материјали се земени непосредно по смрттта. Веднаш кога ќе бидат готови ќе ги соопштиме на јавноста.Мобилната болница е при крај, веќе утре ќе биде во функција, а целосно до крајот на неделата, но се уште има слободен капацитет на Клиниката за инфективни болести. Во однос на прашањето кое што беше поставено вчера за пациентот кој почина на 31. година во анамнезата и документите на клиниката не стои дека докажал на тоа дека имал претходни заболувања, иако дознавме дека кај специјалистите кај коишто правел анализа укажал дека имал други проблеми“, кажа Филипче.

ДПА бара 24-часовен полициски час и само еден час за набавки

Максимално можни часови да се воведат како полициски час во наредните две недели, побара Мендух Тачи претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА). На прес-коференција во партиското седиште тој истакна дека со тоа ќе се укаже на граѓаните дека во следните десет дена или две недели следи главната борба против вирусот.

- Затоа побарав од Владата место за викендот од 16 до 5 сабајле следните 10 дена или две недели да има полициски час 24 часа. И да се дозволи само еден саат, луѓето да купат тоа што им треба. Тој саат да не се дозволи за целиот град, за целата општина, туку да седнат централните и локалните власти да одредат одредени месни заедници. На пример Тетово две месни заедници имаат право на движење еден саат пример од 6 сабајле до 7 часот, други две месни заедници од 7 до 8 часот. Апел до граѓаните да не седат во група кога има полициски час. Поточно кажано тоа не значи да си одиме попладне еден кај други да пиеме чај и да си правиме муабет, истакна Тачи.

Тој со замерки до власта дека нема одговори на прашањата колку и каква опрема има за справување со коронавирусот.

- Ова нема врска со политички поени, го спомнуваме Тетово како клинички центрар затоа што имаме медицински факултет. Колку има специјални опреми, не маски и ракавици, специјални одела, за утре кога ќе се судрат со корона вирусот. Ни еден нема. Затоа што кога стварно имаме криза и во функционирање на нашиот здравствен систем, единствено оружје со кое треба да се бориме против ова зло ние забрана на движење, истакна Тачи.

Популарно