ТРАГЕДИЈА: Загина Македонец во сообраќајка во Италија

Четириесет и осум годишен Македонец загинал во сообраќајка во Италија, на патот кај Боглието ди Костиљоне, преку Алба, води кон Кастањола Ланзе.

Веста првично ја пренесоа италијанските медиуми според кои, македонскиот државјанин настрадал додека бил на пат кон работа во Костиљоле во провинцијата Асти.

Според наводите, на мажот веројатно му се слошило, бидејќи со возилото „фиат стило“ излетал од патот и удрил во ѕид од куќа но, се претпоставува дека не возел со голема брзина бидејќи немало никакви траги од кочење, туку веројатно изгубил контрола.

 Всушност, човекот работел во Канале, во областа Албес.

Она што се додава е дека неговото тело било најдено надвор од автомобилот, а претпоставките се дека излгол од возилото и починал, но засега полицијата не ги потврдува овие наводи бидејќи се работи на расчистување на случајот.

Интервенирале и пожарникарите на „Асти“ и во моментот патролите на сообраќајната полиција во Ница се уште се на работа во Боглието, со присуство на командантот на одредот Стефанија Зецо.

Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани

„На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје“, информира МВР.

Како што соопштија од полицијата, во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. 

Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

Денешната седница беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. 

Таткото на Вања е осомничен за помагање во грабнување на неговата ќерка, малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. 

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд. 

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Популарно