Турција окована во студ и мраз: Вака луѓето ги чуваат своите автомобили од студот

Во Сивас, северо-источна Турција, температурите се спуштија дури на минус 28 Целзиусови степени.

Езерата и рибниците се замрзнати, како и приватните автомобили паркирани надвор. Некои граѓани се обидуваат да ги заштитат со ќебиња и најлон.

Влада на Косово: Повредените во сообраќајката во Хрватска вечерва ќе стигнат во Приштина

Повредените во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод вечерва ќе пристигнат со авион во Косово, соопшти Владата на Косово.

Во соопштението се наведува дека тие ќе пристигнат на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ околу 22 часот.

Исто така, се посочува дека Министерството за надворешни работи на Косово е во постојан контакт со семејствата на жртвите и дека утре телата на осум од 10 жртви ќе бидат пренесени на Косово.

„Владата на Косово, со сите свои институции и капацитети, работи напорно за да обезбеди соодветна грижа и третман на нашите сонародници повредени во Хрватска. Косовските институции, во координација со хрватските институции, организираа враќање на нашите сограѓани на Косово, чии здравје е стабилно“, се вели во соопштението.

Во еден месец 10 лица се удавиле на „проколнатата плажа“ во Сарти

Техничкиот директор на компанијата „Рудник“ Златко Белиќ од Горњи Милановац кој имал 52 години, се удавил под ужасни околности на „проколнатата плажа“ во Сарти, каде само овој месец се удавија околу десет лица

Според локалните медиуми, само минатиот викенд, две лица се удавиле на таа плажа. Златко, иако, како што рекоа неговите колеги, е добар пливач, се удавил во плиткото! Се сомневаат дека струи и големи бранови го влечеле во вода, објави Блиц.рс.

За локалното население, оваа „опседната плажа“ е позната по феноменот “Rip Current”.

„До 12 часот морето е мирно и тогаш е можно да се плива, но само во аглите на плажата, не во средина, бидејќи струјата прави депресии поради што губите тло под нозете“, напиша српски државјанин ГЦ на Фејсбук како коментар за веста за смртта на Белиќ.

Локалните медиуми наведуваат дека на градската плажа во Сарти, многу е важно да се биде претпазлив и да се препознае феноменот “Rip Current”. Како што објаснуваат, изгледа како да се појавува „лента“ во морето, видена од копното поради разбрануваното море.

„Ако некое лице го влече струја на тоа место, го влече на отворено море, а не на длабочина“, наведуваат локалните медиуми.

Како што објаснуваат, ако се најдете во оваа ситуација, многу е важно да бидете смирени, да ја држите главата над вода и никогаш да не пливате кон брегот.

Дури и професионалните пливачи тогаш не можат да излезат. Иако се чини застрашувачки, потребно е да се остави „водата да ве носи“. Во одреден момент, струјата ќе попушти, пливачот ќе биде исфрлен во близина на брегот и тогаш останува само да се плива исклучиво паралелно со крајбрежјето, а не кон него “, ги наведуваат локалните медиуми советите на спасувачите од Грција.

Препораката на спасувачите е да се обрне внимание на црвеното знаме, што значи да не се влегува во морето, поради јачината на струјата и големината на брановите. Особено е важно да обрнете внимание ако се најдете на ваква плажа со деца.

„Ова предупредување не се однесува само на неискусни пливачи, туку и на други, искусни пливачи“, објавија грчките медиуми.

извор:sitel.com.mk

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда

Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид  што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.

Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат  ноќни клубови, дискотеки и  внатрешност на угостителските објекти.

Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на Ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.

Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во чешатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон.Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.

Популарно