Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува  сончево  време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до 11 степени.

Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст

Сончево време со умерена облачност

Денеска не очекува сончево  време со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови

Денеска не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен пправец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 3, а дневната од   3 до 13 степени. Во Скопје, , максимална температура до 11 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Денеска не очекува претежно облачно  време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура

Популарно