Погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои беа пронајдени во гаража на доктор: Ужасната приказна конечно доби епилог

На гробиштата во американскиот град Индијана се погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои минатата година се пронајдени во гаражата на еден доктор во преградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор одржа тамошниот јавен обвинител.

Во гаражата и во автомобилот на докторот Улрих Клопфер се најдени дури 2411 фетуси. На ужасното откритие наидоа членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019 година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги извршил во периодот меѓу 2000 и 2003 година, но истражителите не сакаат да откријат како дошле до тие информации, но открија дека абортусите Клопфер не ги вршел во својата куќа.

Како што објави Си Ен Ен, фетусите се најдени во мали запечатени пластични кеси.

Инаку, остатоци од повеќе од 2.000 фетуси беа пронајдени во неговиот дом во септември 2019 година.

Семејството на докторот ги открило остатоците кога влегле во неговиот дом по неговата смрт на 3-ти септември.

Тој имал клиника во Саут Бенд, Индијана, која е затворена откако му била одземена лекарската лиценца во 2016 година. Бил обвинет дека не пријавил на властите абортус што бил извршен врз 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил пациент во 43 години колку што правел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не“, рекол докторот на сослушувањето, пренесе тогаш „Њујорк Тајмс“.

„Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да му кажам на никого. Ниту да судам“, рекол тој.

Властите откриле остатоци од вкупно 2.224 фетуси кои се земени од патологот, а истрагата е во тек.

Продавачка на ракови на пазарот во Вухан е првата заразена со коронавирусот

Доверливите документи до кој дошле медиумите откриваат дека првиот човек на кој му е дијагностициран коронавирус САРС-КоВ-2  е 57-годишната Веи Гиксијан, продавачка на живи ракчиња на пазарот Хуанан во Вухан, Кина, пренесува Дејли Меил.

Според кинескиот весник „The Paper“, Веи живеела во изнајмен стан на помалку од 500 метри оддалеченост од пазарот, а на 11 декември минатата година добила треска. Мислејќи дека е сезонски грип, Веи отишла во блиската мала клиника полна со пациенти по совет на лекарот, но инјекциите што ги добила не помогнале. Весникот не го открива нејзиниот идентитет, но Wall Street Journal пишува за неа.

Веи, за која се смета дека се заразила со КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2, опиша какви симптоми имала. „Бев уморна, но не како претходните години. Го добивам грипот секоја година, па затоа мислев дека е повторно грип “, изјави Веи за„ The Paper “. Кинескиот центар за превенција и контрола на болести соопшти во јануари дека болните луѓе се заразиле со диви животни кои се продаваат на пазарот во Хуанан како храна.

Веи рече дека продолжила да работи на пазарот додека била болна и дури подоцна отишла во 11-та болница на Вухан по второ мислење од доктор. „Лекарот во 11-та болница не можеше да сфати што не е во ред со мене, и тој ми даде апчиња“, рече Веи, додавајќи дека пиела лекови, но не се чувствувала подобро. После тоа, таа се вратила во помалата клиника во која веќе била првиот пат за да добие инјекции.

„Се чувствував многу полошо од нив и се посрамотив. Немав доволно моќ и енергија “, рече таа. Веи отишла во една од најголемите болници во Вухан на 16 декември за да открие зошто не може да се опорави. Докторот во болницата и рекол дека болеста од која страдала е „немилосрдна“ и дека примиле повеќе пациенти со слични симптоми кои престојувале на пазарот Хуан. „Тогаш веќе многу луѓе беа во болницата“, рече Веи.

Според изјавата на Советот за јавно здравје на градот Вухан, издадена на 31 декември минатата година, Веи е една од првите 27 пациенти дијагностицирани со КОВИД-19. Меѓу овие 27 пациенти, 24 биле на некој начин поврзани со пазарот  Хуанан. Во изјавата се вели дека не се пронајдени докази дека COVID-19 може да се пренесе од личност до личност.

И покрај ова сознание, идентитетот на првиот човек што е заразен со КОВИД-19, т.н. „Нулта пациент“ сè уште не е познат. Иако Веи е првата личност на пазарот во Хуанан која е заразена со коронавирус, наводно првиот пациент е 70-годишен пензионер, прикован за кревет. Овој човек ги развил симптомите на 1 декември и претходно не бил во контакт со пазарот Хуанан.

Сепак, South China Morning Post, пишува дека доверливите владини информации покажуваат дека на 17 ноември е идентификувано првото лице на кое му е дијагностициран COVID-19. Седум недели по тоа, кинеските власти први објавија дека откриле нов вирус. Карантин беше воведен во одредени градови два месеци по идентификувањето на првиот пациент. Необјавените податоци покажуваат дека пред 31 декември кинеските власти идентификувале најмалку 266 лица кои се заразиле со коронавирус. Во тоа време, локалните власти во Вухан казниле група лекари кои се обиделе да предупредат за болест слична на САРС, тежок акутен респираторен синдром.

Кинеските власти велат дека првиот пациент заразен со коронавирус се појавил на 7 декември. Пекинг ги отфрли тврдењата дека Вухан е извор на пандемија, а шефот на тимот на експерт за здравствена криза негираше минатата недела дека вирусот потекнува од Вухан, нарекувајќи ги ваквите тврдења неодговорни. „Епидемијата на новиот коронавирус се случи во Кина, во Вухан, но тоа не значи дека Вухан е неговиот извор“, рече д-р. Џонг Наншан.

Пандемијата на коронавирусот рапидно се шири низ целиот свет, со зголемување на бројот на заразени лица ширум светот за 62,000 само вчера. Досега, повеќе од 530,000 луѓе се заразени ширум светот, повеќе од 122,000 се опоравиле од „Ковид-19“, додека повеќе од 24.000 починале, покажуваат податоците собрани од универзитетот Џон Хопкинс.

ВИДЕО: Лекар плаче на сиот глас бидејќи не смее ни да го допре синот кој трча да го прегрне

Колку им е тешко на лекарите и медицинските лица ширум светот во текот на пандемијата на коронавирусот, секојдневно дознаваме преку бројните снимки и фотографии од преполните болници, особено кога, како што е случај со Италија, мора да бираат кого ќе лекуваат.

Меѓутоа, многумина не ја оставаат маката зад себе, и кога ќе успеат да се вратат дома по долгата смена, не можат само да се опуштат и да ги прегрнат своите најблиски.

Таков пример нѝ доаѓа и од дом на лекар од Саудиска Арабија. На видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа како тој доаѓа дома по којзнае колку долгата смена, а неговото синче веднаш трча да го прегрне.

Но, наместо прегратка, таткото му вели да застане за да не го зарази, а потоа клекнува, се фаќа за глава и почнува да плаче. Во Саудиска Арабија моментално има 1.104 потврдени случаи на коронавирус и 3 смртни случаи.

СВОИ ИСКУСТВА ОД БОРБАТА СО КОРОНАТА: Италијански кардиолог кој се излечил од коронавирусот

Докторите и медицинските сестри во римската болница Касалпалоко во тишина се движат околу пациентите кои беспомошно лежат во кревети опкружени со апарати кои им ги мерат виталните знаци.

Медицинскиот персонал строго се придржува до безбедносните протоколи. Сите се од глава до петици во заштитна облека, со ракавици од латекс на рацете, маски и заштитни наочари на лицето.

Медицинските сестри постојано ги чистат ракавиците со дезинфекциски гел. Една по една излегуваат кратко надвор за да земат воздух. Некои нервозно пушат цигари, други слушаат како пеат птиците. Но, тоа тешко може да им ги тргне мислите од пациентите.

Смртта демнее

Еден од пациентите кој закрепна е 65-годишниот кардиолог Фабио Биферали кој помина осум дена „изолиран од светот“ во одделението за интензивна нега.

„Имав чудни болки, како некој да ми седи на грбот. Бидејќи сум доктор, си реков самиот себеси дека тоа е воспаление на белите дробови. Не можам да зборувам сега за тоа, а да не заплакам. Солзите сега лесно ми доаѓаат“, рекол Биферали.

Тој рекол дека тоа што е доктор му помогнало во болката.

„Терапијата со кислород е тешка, потрагата на артеријата е болна. Некои други пациенти викаа „доста, доста“. Најлошо е навечер. Не можев да спијам. Преку ден доаѓаат докторите, доаѓаат сестрите, носат храна.“

„А ноќе… ноќе доаѓаат кошмарите. Смртта демнее“, опиша докторот.

Грижливи очи

„Како што не можев да спијам, ги броев дишењата на човекот до мене со помош на мобилниот. Си дадов задача да внимавам на него. Така престанав да мислам на себеси“, вели тој.

Докторот вели дека медицинскиот персонал бил целосно покриен.

„Можев само да им ги видам очите, грижливите очи, и да им го слушнам гласот. Тие ми влеваа надеж.“

Тој вели дека во тие моменти најмногу им недостасувала фамилијата.

„Се плашев дека веќе никогаш нема да ги видам и гушнам. Дозволив очајот да ме преземе“, се сеќава докторот.

Биферали нагласува дека од тоа научил важна лекција.

„Од сега натаму, ќе се борам за јавното здравје. Ова не смее да се третира како вежба и да се остави во рацете на политичарите. Мораме да го одбраниме еден од најдобрите здравствени состави на светот“, заклучи тој.

Популарно