Почина Магда- актерката од „Сексот и градот“

Американската актерка Лин Коен почина во својата 87 година, пренесуваат странските медиуми.

Иако играше во многубројни улоги, таа најголемата популарност ја стекна со улогата на куќната помошничка Магда во култната серија „Сексот и градот“. Веста ја потврди нејзиниот агент.

Лин е родена во Канзас Сити во 1933 година, а беше најпозната по улогата во филмот „Минхен“ на Спилберг, каде ја играше Голд Меир, потоа Магс во филмот „Игри со глад“ а се појави и во многу други филмови, претежно во епизодни улоги. како и во ТВ серии.

Таа исто така беше омилена актерка и во театарот, на Бродвеј, каде играше во многу претстави и доби многу награди.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно