Орданоски: Боки 13 така се облекува 20 години, јас гледав парчиња купени пред да почне аферата

Сашо Орданоски, новинар кој порано работеше во некогашната телевизија 1ТВ на Бојан Јовановски кој е обвинет во аферата Рекет, вели дека досега Јавното обвинителство не изадило ниту еден директен доказ за овој случај. Тој вчера на емисијата Отворено на Телевизија 24 рече дека сега ќе биде интересно да се види какви докази ќе изведе одбраната на обвинетите. 

„Во суд се суди со докази, не со каква чипка ти е маицата, дали кога зборуваш употребуваш пцовки и дали носиш чевли од 100 или од 1.000 евра. Ако се докаже дека гардеробата е купена во тие месеци кога се земени парите и за неа се платени 500 илјади евра, има доказ дека на неа се потрошени парите. Ако му ја покажувате гардеробата за потоа целата јавност да коментира „Видете го овој Боки 13 какви пантолони носи, елечиња, а притоа ништо да не видиме од тоа кога е купено, во кој период, каде е купено, не е во ред. Па Боки 13 дури 20 години така се облекува. Таму имаше парчиња што јас сум ги гледал пред да почне целата афера. Не може да се суди преку тоа какви полемики се водат на фејсбук. Обвинителството досега не извади ни еден директен доказ. Таму има спротивставени сведочења. Јас чекам да дојдат пресудите и да се осврнам на сето тоа. Сега одбраната ќе почне да изведува докази. Можеби тие ќе изведат поинтересни докази, можеби тие ќе кажат каде се парите, кога веќе ги обвинуваат дека зеле пари, можеби ќе дознаеме. Настрана целата хистерија, во самата судска материја ние не видовме објективни докази. Јас мислам дека во нормална демократска земја со вистинско правосудство, ова би паднало со просечна екипа адвокати“, рече Орданоски.

Се почна со Кики и Фрики, нагласи новинарот, и праша - каде се сега Кики и Фрики во Рекет, ги нема никаде, а луѓето веќе не можат по улица да одат, ги растргнаа буквално.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно