За повеќето луѓе бакнувањето е голем и многу важен дел од врската, но тоа не е случај за овој пар кој е заедно речиси две години.
Кејтлин О’Нил вели дека таа и нејзиното момче никогаш не се бакнале за време на нивната врска, додавајќи дека луѓето често ги осудуваат поради тоа. Според The Sun, таа исто така објаснила дека луѓето постојано ја испрашуваат за тоа и и’ кажуваат дека бакнувањето не е толку голема работа.
Таа добила и многу коментари дека нејзиното момче е хомосексуалец или дека тие всушност се само пријатели. Објаснувајќи ја својата одлука, Кејтлин вели дека одлучила да почека до бракот за да се бакне, една година пред да започне да излегува со сегашниот партнер. Пред тоа, таа веќе одлучила да почека до бракот за да има секс, поради религиозни причини, но не била сигурна за другите аспекти на романтичните врски.
„По долго размислување, сфатив дека не сакам да бакнувам никого затоа што сакам да го зачувам првиот бакнеж за мојот иден сопруг. Бакнежите отсекогаш ми биле многу интимна работа, но јас лично мислев дека тоа не е нешто што треба да го зачувате за некого, но на крајот сепак го посакав“, објаснила Кејтлин во видеото кое го објавила на Tik Tok.
Пред да решат двајцата да започнат врска, разговарале за сопствените ставови и верувања за романтичните врски, при што и двајцата рекле дека сакаат да чекаат до брак и за секс и за бакнување.
„Бевме најдобри пријатели, а потоа се заљубивме. Сето ова го правиме за некако да се заштитиме и повеќе да се радуваме на иднината“, изјавило нејзиното момче Дру.
Одговарајќи на лошите коментари, тие објасниле дека тоа е заедничка одлука и дека ниту еден од нив не му ја наметнува таа одлука на другиот. Кејтлин исто така вели дека одлучиле да ја споделат својата приказна за да им покажат на другите луѓе дека можете да ги правите работите поинаку ако сакате и дека вашата врска со партнерот не мора да следи туѓи стандарди за да бидете среќни и успешни.