Уште еден починат 58-годишен маж од последици по експлозијата

Три деца на возраст од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж починаа вчера во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

Повредени беа седум лица, кои се здобија со висок степен на изгореници, а меѓу нив и 58-годишниот маж кој подоцна им подлегна на повредите. Синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје почина мажот, кој беше во критична состојба откако настрада во експлозијата. 

Пациентите првично беа хоспитализирани во Кумановската болница, но оттаму беа препратени на лекување во Скопје. Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ  д-р Илир Хасани за МИА изјави дека во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж.

Во критична животна состојба се и четириесетгодишната жена и десетгодишното дете кои во моментов се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години, изјави за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург Љубен Арсенков.

Гинеколог ја прегледал пациентката, која е бремена во седми месец, и констатирал дека плодот е добар. Според првичната проценка, кај жената имало опеченост од 20-30 отсто и била примена во единицата за интензивно лекување.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера попладне беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ. Филипче информираше за нивната состојба и нагласи дека се преземаат сите мерки за интензивно лекување и оти внимателно ќе се следи нивната состојба.

Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А. При експлозијата на боцата настанал пожар во кој три деца на возраст од осум, девет и 11 години загинале на местото на настанот.  Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. За случајот е известен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, кои се упатиле на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу вчера го посети селото, се сретна со мештаните и изрази сочуство.

– Заедно со заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност и со заменик-началникот на СВР Куманово да изразиме сочуство до семејството Алими. Ова е навистина голема трагедија. За жал е констатирано дека три деца се починати на 10, 12 години, седум лица се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик-министерот Нухиу. Додаде дека се очекува конечниот извештај од Јавното обвинителство.

Жителите на Романовце не паметат ваква трагедија со голем број жртви и повредени од едно семејство. Претседателот на месната заедница Таџедин Есапи жали за трагедијата што се случи во нивното село во кое починаа три деца.

– Сите сме во жалост. Ваква трагедија немало во селото. Ми се јави кумановскиот градоначалник кој изрази сочуство и изрази подготвеност да му се помогне на семејството, вели Есапи.

Сочувство до семејството на загинатите вчера преку фејсбук изразија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Сите потенцираа дека се работи за ненадоместлива загуба, за загуба на детски животи и посакаа брзо закрепнување на повредените.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно