Видео: НЕДОСТИЖНИТЕ КИНЕЗИ-пронајдоа најефикасен начин за дезинфекција

Една од многуте кинески компании во градот Чонгинг произведе и постави тунели за дезинфекција, кои се наменети за стерилизација  на работниците кои мора да одат на работа, со цел спречување на појава и ширење на смртоносниот вирус. Во тунелите се вградени инфрацрвени детектори кои активираат спреј во моментот кога лицето ќе влезе во тунелот. Процесот на дезинфекција по влегувањето во тунелот трае 20 секунди.

Ваква превентивна мерка се применува и во Пекинг. Работниците мора да направат целосна дезинфекција во тунелите и откако ќе се вратат од пауза. Покрај тоа дневно се врши дезинфекција на 405 станици на подземната железница. Кај секој патник кој ја користи железницата се мери температура на телото.

Прага го славеше крајот на епидемијата со голема забава

"Збогум Корона?" - Илјадници луѓе во Прага го прославија крајот на епидемијата со голема забава. Илјадници луѓе седеа на маса долга 500 метри на мостот Чарлс во Прага во вторникот за да го прослават укинувањето на мерките преземени во Чешка за спречување на епидемијата на коронавирусот.

„Ние сакаме да го прославиме крајот на кризата со  тоа што ќе им дозволиме на луѓето да се сретнат и да покажат дека не се плашат, дека не се плашат да земат парче сендвич од соседот“, рече Ондреј Кобза, организатор на настанот и сопственик на кафеана

„Општеството не треба да се плаши. Во спротивно, ќе се соочиме со економска криза, рецесија и ова ќе нè повреди многу повеќе од Ковид-19 ““, додаде тој.

Со бесплатна храна или пијалок, учесниците на оваа вечера го споделија својот оброк на овој мост од 14 век, симбол на чешката престолнина, со оркестар и песни околу масата украсена со маргаритки.

„Бев информиран за настанот преку Фејсбук и видов дека е интересен“, рече Галина Комсенко-Крецикова, Русинка која живее во Прага која отиде на вечера со својот сопруг.

Чешката Република, земја со 10,7 милиони жители, ги презеде повеќето мерки во епидемијата на коронавирус. Вкупно досега во земјата се пријавени околу 12.000 случаи и помалку од 350 смртни случаи.

Од 1 јули, на Чесите веќе нема да им се бара да носат маска на јавни места, освен болници, старечки домови, метрото во Прага и во две области на северо-истокот од земјата каде има пораст на случаи на ковид-19 во рудници за јаглен.

Исто така во Прага маската ќе биде задолжителна на собири со повеќе од 100 лица во затворен простор.

Нов вирус кој го пренесуваат комарци откриен во Франција, почина жена

Француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона.

Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „Кристоли“, по предградието на Париз каде што е идентификуван, јавува Франс 24.

Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за што е одговорен тој вирус бидејќи починатата имала неколку основни болести. Тие посочија оти засега е познат само еден случај и дека ако има и други случаи, во иднина ќе биде можно да се добие појасна слика за клиничката слика е поврзана со тој вирус.

„Во овој момент познат е само тој еден случај. Ако ги има повеќе во иднина, секако ќе имаме појасна претстава за тоа каква е клиничката слика поврзана со тој вирус“, вели професорот Жан Мишел Павлотски, шеф на медицинска биологија во болницата каде се лекувала заразената жена.

Тој појасни дека новиот вирус е од сојот ортобунџавируси, семејство патогени кои вообичаено ги шират комарците.

Вирусот има малку заедничко со причинителот на моменталната пандемија.

Нов вирус кој го пренесуваат комарци откриен во Франција

извор:sitel.com.mk

Популарно