ФОТО+ВИДЕО: Елена Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“

Елена Велевска по „брачниот бродолом“ утехата ја најде внесувајќи се „до крај“ во сопствената кариера. Атрактивнта прилепчанка во етерот го промовираше долгонајавуваниот нов спот за нејзината „стара песна“ – „Говорот на телото“.

Раскошната фолкерка оддамна сфатила дека и оние што можеби немаат толку многу развиен „слух за музика“, имаат голем мерак за убави нешта, па затоа постојано им ги „полни очите“ со провокативни фотографии во различни пози од своите скокотливи фотосесии. А, фолкерката како што е познато, има доволно телесни квалитети за своите песни да ги поткрепи и со разголени слики и доволна доза еротика во своите видеа.

Така беше и овој пат, кога, расната Елена како претходница во најавата за „Говорот на телото“ објави неколку „жешки фотографии“ на кои вообичаено го понуди сиот свој телесен раскош, па дури и повеќе од тоа… Веројатно, сега растоварена од стегите на бракот и притисокот што го чувствувала, Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“… Се разбира, ако воопшто и е грев, она што е убаво да не се сподели со обожавателите, како сопствен адут за успех, но и како подарок за „полни очи“ на својата публика, особено онаа машката.

Атрактивна, згодна, провокативна, пожелна, порочна, секси… Елена Велевска во новото видео ги „нуди на дар“ сите свои телесни квалитети, сиот свој телесен раскош, кој го поседува. А поседува толку многу, што кога го гледаат видеото ниту на оние што не се по жените, не им е сеедно! Впрочем, што е убаво и на Бога му е драго, а камо ли на обичните смртници.

Особено што во првото „вертикално видео“ снимено кај нас, пејачката најмногу е во „хоризонтала“!  Уште една асоцијација која ги буди „оние мисли“, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, потајно ве тера да ги „скршите правилата“ заковани во моралните норми…

Впрочем и гревот има светла страна, зарем не, како што велат и стиховите на самата песна чие видео со секој кадар нуди толкав еротски набој, што ви се чини дека секој миг ќе доживеете да ви се случи експлозија од страсти… до небото!

А како и не би, кога Елена Велевска има таков „Говор на телото“!

Извор: Вистина

(Фото) Деми Роуз уште еднаш докажа зошто важи за „кралица на облините“

Британскиот модел Деми Роуз уште еднаш покажа зошто ја носи титулата „Кралица на облините“. Имено таа се сочнше топлес, па фотографијата ја објави на Инстаграм.

„Фати ме ако можеш... работам намојот тен“ напиша Роуз, а нејзините фанови зибезумени коментираа дека гори од сексапил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Rose (@demirose)

(Фото) Џенифер Лопез „го заслепува светот“ со својот изглед и на 52 години

Џенифер Лопез „го заслепи светот“ со својот сјај на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција. На промоцијата на филмот „The Last Duel“, се појави со својот партнер Бен Афлек.

Ова е нивно прво појавување на црвениот тепих по обновувањето на нивната романса. Жорж Хобеика беше нејзиниот избор за облека за премиерата на филмот, но нејзиниот стајлинг беше надополнет со накит од Картие и сребрени сандали од Џими Чу.

Погледнете како парот „ги крадеше погледите“ на присутните.

(Фото + Видео) Хајди Клум позира топлес на плажа

Манекенката и водителка Хајди Клум често споделува фотографии и кадри од приватниот живот, најчесто предизвикувачки и интимни, па на Инстаграм повторно сподели видео на кое до израз доаѓа целото нејзино тело.

Манекенката носеше само минијатурно бикини.

Уште една летна комбинација предизвика многу лајкови, а доколку не ги исклучеше коментарите веројатно ќе знаевме што мислат нејзините следбеници за нејзиното совршено тело.

На видеото манекенката седи со раширени нозе и се наведнува наназад за да не и се гледа лицето.

Нејзиното меѓуножје е во преден план, бидејќи мобилниот го ставила меѓу раширените нозе.

Овие нејзини фотографии и снимки се само за полнолетни лица.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Популарно