Училиштата и градинките во Словенија ќе останат затворени и по 17 април

Министерството за образовани на Словенија донесе одлука градинките и училиштата, кои не работат поради епидемијата на коронавирусот да останат затворени и по 17 април.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова за Телевизија Словенија го потврди портпаролот на Владата Јелко Кацин.

– Ако епидемијата исчезне во следните 14 денови тогаш ќе почнеме да размислуваме за постепено враќање во нормален живот, но градинките дефинитивно нема да бидат од оние објекти кои први ќе се отворат – изјави Кацин.

Училиштата и градинките беа првите установи кои во Словенија беа затворени по појавата на коронавирусот во земјата.

Во Белград прогласена вонредна состојба поради Ковид-19

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила денеска. Вонредната ситуација се воведува поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на Ковид-19.

Белградскиот градоначалник прецизираше дека Одлуката се носи поради спроведување на процедурата за воведување на три нови мерки, со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ги најави трите мерки, со кои се предвидува ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград да бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро. Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз. Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија. 

Ѓоковиќ и неговата сопруга негативни на Ковид-19! 2 Jul 2020 - 12:20

Најдобриот тенисер на Светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга јелена се негативни на најновиот тест на Ковид-19. Ноле минатиот вторник објави дека е позитивен на коронавирусот, после „Адриа Тур“, а во среда заедно со Јелена направиле тестирање по барање на лекарите, и двата теста се покажале негативни.

Тој и сопругата немале никакви симптоми.

„Ѓоковиќ и неговата сопруга се негативни на Ковид-19. Тоа го покажаа најновите тестови на ПЦР кои ги направиле во Белград. Претходните 10 дена ги минале во изолација, и ги следеа сите протоколи и безбедносни мерки за Ковид-19“, соопштуваат од тимот на Ѓоковиќ.

sportmedia.mk

Вучиќ разгледува целосно затворање на Белград поради коронавирусот

Српски Блиц открива дека Вучиќ вечерва може да објави дека целосно го затвора Белград поради коронавирусот. Б92 го пишува истото.

Како што пишуваат, тој вечерва ќе биде гостин на РТС и ќе објави нови мерки за Белград заради влошената состојба. „Блиц“ пишува дека неофицијално е потврдено дека вечерва размислуваат за повторно воведување на полицискиот час, но поверојатно е дека тој целосно ќе го затвори Белград, што би значело дека ќе забрани влез и излез од градот.

Вчера 8.626 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, 272 биле позитивни, а четири лица починале. Вчера е забележан најголем скок на бројот на пациенти на респиратори - од 42 на 73. Најголем број заразени со коронавирус се од Белград.

Б92 пишува дека според најновите податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Популарно