Во Скопје на кеј починал човек додека трчал ShareЦрна хроника на 4.2020Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и полиција на увид, пренесува Сител. Се очекуваат детали во текот на денот. ShareTwitter Коментирај
Македонец до смрт претепан во СловенијаЦрна хроника пред една неделаПронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. ShareTwitter Коментирај
По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи ТомиќЦрна хроника пред 9 месециПо кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.ShareTwitter Коментирај
Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар ЈовиќЦрна хроника пред 9 месециМакедонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ. Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија. Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.ShareTwitter Коментирај
Интересно Чипсот и WC шолјата имаат нешто заедничко поради што никогаш повеќе ќе нема да сакате да го јадете