2025 година ќе биде, како што предвидува астрологијата, под влијание на Дрвената змија, па ќе можете соодветно да ја испланирате вашата облека за дочекот. За новогодишната ноќ ќе можете да ги одберете вистинските бои за вашиот хороскопски знак, а да ги избегнувате оние за кои велат дека можат да ви донесат неуспех.
Еве што не треба да носите за новогодишната ноќ според вашиот хороскопски знак?
Овен
Овенот треба да избегнува темни и тешки бои како црна и кафена. Овие тонови можат да ја „задушат“ вашата енергија и огнена природа.
Препорака: Светли и енергични нијанси како црвена и портокалова, како и метални акценти (златна и сребрена).
Бик
На биковите не им се советува да користат светли и агресивни бои, како што се флуоресцентните нијанси, кои можат да ја иритираат нивната чувствителна природа.
Препорака: Природни земјени тонови како зелена, кафена, беж и пастелни нијанси. Облеката од природни материјали ќе биде идеална.
Близнаци
Близнаците не треба да носат монотони и „веќе видени“ комбинации со кои ја ограничуваат својата имагинација и способност да се изразат.
Препорака: Светли и разновидни нијанси како светлосина, жолта и виолетова, како и принтови и комбинации на бои.
Рак
Ракот треба да избегнува премногу агресивни и светли бои кои можат да предизвикаат стрес.
Препорака: Пастелни тонови, сребрени и бисерни нијанси, заедно со елегантни ткаенини како свила или сатен.
Лав
Боите како темносина и црна се премногу темни и мрачни за Лавот, што го става во втор план.
Препорака: Златна, портокалова, црвена – сè што привлекува внимание и ја истакнува вашата харизма.
Девица
Девицата може да се чувствува непријатно во облека со претерано светли бои и со многу детали кои изгледаат пренатрупано и го нарушуваат хармоничниот изглед.
Препорака: Мирни, неутрални нијанси како сива, беж и маслинеста. Елегантни и едноставни ткаенини.
Вага
На Вагата не и прилегаат агресивните бои, бидејќи ја нарушуваат нејзината рамнотежа, но ниту премногу темните нијанси.
Препорака: Пастелни и хармонични нијанси како розова, светлосина и светло зелена.
Скорпија
За Скорпијата е подобро да избегнува светли бои како жолта или светло розова кои можат да ја „задушат“ нејзината мистична аура.
Препорака: Длабоки и богати бои како црна, бордо, темносина и виолетова. Храбри и елегантни тоалети.
Стрелец
Стрелецот нема да биде опуштен во строги и формални комбинации кои ја ограничуваат неговата слобода и оптимизам.
Препорака: Светли и живи бои како виолетова, сина и црвена, со удобен и лежерен стил.
Јарец
Јарецот треба да се држи подалеку од премногу лесни и проѕирни ткаенини, како и од екстравагантни комбинации.
Препорака: Традиционални и мирни нијанси како темносина, сива и црна, во класичен стил.
Водолија
Водолијата треба да избегнува здодевни и обични комбинации кои не одговараат на нејзиниот уникатен стил.
Препорака: Експериментирајте со необични бои како што се металик нијанси, сина и тиркизна, како и облека со оригинални детали.
Риби
Рибите нема да се чувствуваат добро во светли и агресивни бои кои можат да ја нарушат нивната чувствителност и внатрешен мир.
Препорака: Мирни нијанси како тиркизна, морско сина и лаванда, заедно со меки и лесни ткаенини кои создаваат чувство на леснотија и хармонија.
За новогодишната ноќ изберете комбинација која одговара на вашиот хороскопски знак, но и ќе го истакне вашиот личен стил.