Сончево со мала до умерена локална облачност

Деенска не очекува  сончево  време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот 9 од 15, а највисоката дневна температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на стабилно, суво и потопло време. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи

Претпладне сончево , а попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска претпладне не очекува  сончево време со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Претпладне сончево и топло, а попладне променливо облачно и нестабилно

Денеска  ретпладне не очекува сончево  време со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Денеска не очекува сончево и многу топло време  со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град

Популарно