Семејството Стајиќ донира 1 милион денари за семејството на Емилија чие срце беше трансплантирано

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат три други животи, соопшти компанијата.

Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за кардиологија во Скопје, но пред сѐ благодарение на семејството на Емилија Динева кои се согласија органите на Емилија, нивната мајка и сопруга, да бидат донирани на тројца кои имаа потреба од нив.

Трагична, емотивна и мотивирачка приказна која ја потресе целата јавност, а воедно и даде надеж на многу луѓе кои на еден или на друг начин се засегнати од приказната.

– Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на тројца да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди – велат од семејството Стајиќ.

Воедно, се надеваат дека ова семејство ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа.

Епидемиолози и полицајци во акција да земат епидемиолошки анкети од 200-те присутни на погреб

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан според протоколот за вирусот ковид-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.

Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

Почина Горан Пандев, најголемиот навивач На “Академија Пандев“

На 28-годишна возраст почина Горан Пандев, познат како Гокче, најверниот навивач на ФК „Академија Пандев“ кој има исто име и презиме со сопственикот на клубот и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

„Со голема тага и жалост ја примивме веста за нашиот верен поддржувач со исто име и презиме со нашиот сопственик Горан Пандев. Гокче беше присутен на секој домашен и гостински натпревар на ФК Академија Пандев, а беше и голем пријател на безброј спортисти и спортски работници. Почивај во мир Гокче, никогаш нема да бидеш заборавен“, објавија на Фејсбук страната на прволигашот ФК „Академија Пандев“.

Филипче: Да го зачуваме Клинички уреден, сликите од минатото да не ни се повторуваат

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографии од новиот изглед на Клиничкиот центар по реконструкцијата.

„Со нов лик, нови и проширени тротоари, зелени појаси и дрвореди, одвоени ленти за итна помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди, како и ново улично осветлување. Да го зачуваме Клинички уреден, сликите од минатото да не ни се повторуваат.“

Јавното здравје е заедничка одговорност – од нас зависи, напиша Филипче.

Популарно