Ова е Иван Огњановски - човекот кој го доби срцето на Емилија

Сè ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас, раскажува за „Фокус” раскажува Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна. Се обидов да бидам смирен, па му реков дека сите го чекаме да ни се врати жив и здрав. Кога од клиника ми кажаа дека срцето е прифатено и почнало да чука, беа тоа магични зборови кои ми донесоа едно големо олеснување, кои во мене предизвикаа една благодарност кон храброто семејство на Емилија, се создаде една врска помеѓу нас, која вечно ќе трае. Вечно да се благословени тие големи луѓе – раскажа Васил Огњановски.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно