Во Бугарија 23 плажи ќе бидат со бесплатни лежалки и чадори, за другите се намалува цената за половина

Дваесет и три плажи на бугарското крајбрежје на Црното Море ќе понудат бесплатни чадори и лежалки - објави министерката за туризам Николина Ангелкова во Сончевиот брег.

Според предвидувањата на почетокот на годината, очекуваниот раст на туризмот беше 10 отсто, но неочекуваната и непредвидлива криза предизвикана од коронавирусот промени сè во еден момент.

По разговорите меѓу премиерот Бојко Борисов и неговите колеги од Грција, Србија и Романија за отворање на заеднички граници за туризам на 1 јуни, Бугарија ќе смета на туристи од соседните земји чии граѓани претежно патуваат со патнички возила. Во однос на другите пазари, министерот за туризам го истакна субвенционирањето на чартер-летовите како многу важна мерка за поддршка на овој сектор. 

Николина Ангелкова изрази надеж дека ова ќе доведе до раст на одредени пазари, особено што се однесува до организираниот туризам. Сепак, на прво место, државата ги става домашните туристи кои ќе бидат привлечени од пониските цени на услугите на плажоте. Бугарите се по предвидливи потенцијални корисници на морски одмор кај нас, имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓаат Европа и светот.

„Ние правиме се што е можно за да привлечеме туристи и да го олесниме бизнисот во секторот кој е меѓу најпогодените од светската криза предизвикана од коронавирусот“, рече министерката Ангелкова.

"Од особена важност е да понудиме квалитетен производ и да се заштити здравјето на луѓето. Една од основните мерки што ги презедовме е да ги намалиме цените на чадорите и лежалките. Според законот, тие мора да бидат барем 50 проценти пониски од минатата година."

Чадорите и лежалките ќе бидат бесплатни на 23 од 132 плажи, додека на останатите нивната цена ќе биде од 1 до 5 лева. Во летното одморалиште Златни Песоци, туристите ќе плаќаат 2 лева за чадор и лежалка, во Албена - по 1 лев, во Балчик - по 1,50 лева, додека нивната цена во Созопол ќе биде од 3 до 5 лева.

Секој што управува со плажите е должен да понуди намалување на цените на чадори и лежалки за најмалку 50 проценти, а за неисполнување на ова барање е предвидена казна од 50 илјади лева. Казната за повторена повреда е 100 илјади лева. До 30 мај годинава, министерот за туризам мора да ги извести концесионерите и закупниците на плажите за намалувањето на концесиската такса и закупнината врз основа на реципроцитет. Во овој поглед, владата ќе донесе посебна методологија.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Полицијата фаќа нов правец во потрагата по малата Данка

Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена.

Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.

Интензивната полициска работа продолжува до пронаоѓање на Данка Илиќ. Сега истрагата се движи во друга насока, а овие три важни индиции може да доведат до исчезнатата Данка.

1) Преглед на мобилниот телефон на мајката

Полицијата вчера го зела телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка и го испратила на вештачење, дознава „Блиц“.

Полицијата тоа го направи како дел од пошироката истрага за сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Податоците од телефонот на мајката на Данка би можеле да укажат на нови детали или луѓе од значење за случајот.

Треба да се напомене дека анализата на телефонот на мајката на Данка, како и тоа што родителите на исчезнатата Данка Илиќ вчера биле приведени во полиција на распит во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, не значи дека тие се осомничени или обвинети за какво било кривично дело објаснуваат од истрагата за српските медиуми.

– Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се испита – вели изворот на „Блиц“.

2) Анализа на податоци од базни станици

Откако теренската потрага по исчезнатата Данка Илиќ е прекината, се врши детална проверка на податоците од базните станици на мобилни телефони во областа Бањско поле, со цел да се утврди движењето на сите лица кои биле во близина на местото каде што исчезна Данка во кобното време во вторник.

Вкрстувањето на овие податоци со изјавите на сите лица со кои полицијата разговараше по исчезнувањето на девојчето може да укаже на можни недоследности во изјавите и да отвори нови можности во истрагата.

– Досегашните резултати укажаа на нов правец во кој треба да оди истрагата. Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да запре додека не се најде детето – изјави синоќа за „Блиц“ добро упатен извор.

3) Проверка на деталите од пријавата за исчезнувањето на малата Данка

Иако теренската потрага е прекината, истрагата за исчезнувањето на Данка продолжува, а сега се проверуваат приватниот живот и контактите на сите членови на семејството. Повторно се прочешлаат нивните изјави, како и деталите од пријавата на мајката на Данка за исчезнувањето на детето – времето на кобниот настан, каде отишле пред исчезнувањето, а каде отишла мајката по исчезнувањето.

Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден. Затоа истражувањето на деталите за извештајот за исчезнатото лице може да помогне да се фрли ново светло на тој мистериозен момент во вторникот попладне.

Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“

Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.

Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.

Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.

Популарно