Реисот Реџепи разрешен од функцијата

Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата, јавува репортерот на ТВ21.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Одлуката стапува на сила од денеска. ТВ21 известува во живо.

(Видео) Обраќање на претседателот на МОРО - Работничка партија Горан Зафировски

Со цел работникот да добие најдобри здравствени услуги нашето здравство треба да има вистински услови за работа. Примарната здравствена заштита ке биде бесплатна за сите. Постојниот клинички центар ке се прошири за двојно и ке биде изградена нова инфраструктура.

Сите здравствени установи ќе се реновираат на секои 5 години. Здравствените работници како и пациентите со тоа ке добијат современи услови за работа и за лекување. Трудот на лекарите, медицинските сестри и болничкиот персонал ќе им биде соодветно платен.

Денес се регистрирани 168 новозаразени од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 83

- Куманово 8

- Дебар 2

- Штип 6

- Прилеп 3

- Тетово 26

- Струга 5

- Битола 2

- Охрид 8

- Гостивар 8

- Крива Паланка 1

- Крушево 1

- Кочани 1

- Пробиштип 2

- Македонски Брод 1

- Свети Николе 4

- Кичево 6

- Ресен 1

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

- Скопје 48

- Тетово 18

- Велес 1

- Гостивар 1

- Кочани 1

- Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле кривичното дело тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица, кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело „тешка кражба“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и исти прилики што претставува повеќекратно остварување на кривичното дело тешка кражба.

Обвинетите на 2 јули 2020 година, околу 01.00 часот, со погоден алат – токмак го искршиле долниот дел од заштитниот ѕид на затворена просторија од магацин – тезга и одзеле туѓи подвижни предмети, облека, во вкупна вредност од 21.420,00 денари. Истиот ден, околу 03.00 часот го провалиле и магацинот – тезга на второоштетената од каде, со намера противправно да ја присвојат, одзеле облека во вкупна вредност од 180.480,00 денари.

При напуштање на местото со украдената облека спакувана во најлонски ќеси, обвинетите биле фатени од надлежни полициски службеници.

Со поднесениот обвинителен предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за едно од обвинетите лица, а за другото обвинето лице предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетите и можност за попречување на натамошната постапка.

Популарно