Атрактивната пејачка Маја Беровиќ позираше во необично издание, а се појави и нејзината скриена тетоважа.
Маја на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се наоѓа во интересна гардероба, но притоа реши да ја спушти тренерката и под неа се виде тетоважа на интимен дел од телото.
Станува збор за тетоважа на пиштол, а оваа фотографија на пејачката доби голем број пофалби од страна на фановите.
„Само добри вибрации“, порача Маја преку социјалните мрежи, по што доби многу коментари.