Филипче: Зголемување од 20% плата за два месеци ќе добијат сите кои биле ангажирани со лекување на ковид пациентите

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, потенцираше дека зголемување од 20% плата за два месеци ќе добијат сите кои биле ангажирани со лекување на ковид пациентите.

„Зголемување ќе добијат вработените во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, во инфективните одделенија во болниците кадешто се лекуваа овие пациенти, во Итната медицинска помош, епидемиолозите од Центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје. Не само здравствените работници – доктори, медицински сестри, туку и помошно техничкиот персонал: болничарите, клиничарите коишто работеа во тие одделенија. Понатаму, лекарите и медицинските сестри кои ротираа во тие одделенија. Нема да земат зголемување само тие вработени кои немаат контакт со ковид пациентите во тие јавно-здравствени установи“, информираше Филипче и додаде дека се уште не е дефиниран начинот и формата на исплата – тоа е нешто за што ќе разговараат со Министерството за финансии.

Тој истакна дека во изминатите две години, вкупната сума на пари којашто е вложена во платите на здравствените работници и соработници, помошно-техничкиот персонал, администрацијата којашто работи во здравството  се вложени близу 2 милијарда денари.

„Вакво зголемување никогаш немало во платите на здравствените работници. Некаде лекарите специјалисти во болниците и клиниките земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари во зависност од бројот на дежурства во месецот. Ова се нето износи. За начинот на пресметка, тоа што е финална сума којашто ја земаат здравствените работници се основната плата со дежурствата и додатоците кои ги имаат. Комплексност на работа, искуство, додаток ако се изложени на рентгенско зрачење итн. Сега, платата во јавното здравство е многу атрактивна – што се докажува со тоа што имаме огромен број на доктори и медицински сестри кои сакаат да се вратат од приватното здравство во клиниките, односно болниците. Сметам дека со ова направивме сериозна инвестиција во луѓето коишто работат – кои се едни од клучниот сегмент за да овој систем добро функционира, што впрочем се покажа и со добрата организација и одговорот со овој проблем актуелен“, изјави министерот Филипче.

извор:slobodenpecat.mk

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно