Прегазен пешак во Автокоманда

Седумдесет и седумгодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на МВР, вчера во 14.20 часот на булеварот Александар Македонски автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(48) од Скопје, удрил во пешакот А.Б.(77) од Скопје.

Пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопјанец бил пронајден починат во домот кога соседите пријавиле непријатна миризба

Шеест и шестгодишен скопјанец бил пронајден починат во стан на улицата Козле во Скопје.

Од МВР информираат дека вчера во полицијата било пријавено дека од куќата во која живеел подолго време се ширела непријатна миризба, а тој речиси една недела не бил забележан од соседите.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што бил пронајден починат Т. Т.. Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, велат од МВР.

Камерман во МТВ почина од коронавирус

Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот, објавува Телма.

Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија.

На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

Семејна тра*едија: На Ацо Пејовиќ му се угушил братот!

Ацо Пејовиќ во едно интервју зборуваше за страшната грешка на докторите, кои не забележале дека има две бебиња, кога неговата мајка носела блзнаци.

Инцидентот се случил во 1976 година, а братот кој е роден го добил името Радојица.

„Иако и тогаш постоеше ултразвук, познат лекар од Белград не виде дека станува збор за две бебиња и тоа донесе до катастрофален исход, зашто едно бебе буквално се угуши“.

Братот кој преживеал имал само килограм и 400 грама на раѓање, а го добил тоа име, по позната песна, за чија храброст е испеана легенда.

„Треба да се почитува секој животи да не се дава право да го прекинеш“, кажа Пејовиќ.

Популарно