Таа е прва мачка во светот што е присилно карантирана

Корона вирусот, кој однесе повеќе од 360.000 животи низ целиот свет, почна да напаѓа и миленичиња.

Само неколку случаи на кучиња и мачки се регистрирани ширум светот, а последното заразено милениче од овој опасен вирус е мачка од Москва, која  била дијагностицирана од страна на ветеринар.

Во исто време, таа е прва мачка во светот што е присилно карантирана, пренесува RT.

Имено, на сопственикот му било наредено  по секоја цена да не ја пушта мачката да излезе од станот! За среќа, не се изречени дополнителни мерки, бидејќи нема докази дека вирусот може да се пренесе од мачки на луѓето.

Ким Џонг Ун прогласи „блескав успех“ на Северна Кореја со коронавирусот

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го истакна „блескавиот успех“ на неговата земја во справувањето со ковид-19, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Ким Џонг Ун прогласи „блескав успех“ на Северна Кореја со коронавирусот

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го истакна „блескавиот успех“ на неговата земја во справувањето со ковид-19, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија рече дека Северна Кореја го спречила коронавирусот да влезе во земјата, јави државната новинска агенција КЦНА.

„Темелно го спречивме упадот на злокобниот вирус и задржавме стабилна епидемиолошка состојба и покрај глобалната здравствена криза, што претставува блескав успех“, рече Ким Џонг Ун.

Тој предупреди и ги повика луѓето од Северна Кореја да останат „исклучително претпазливи“, се вели во соопштението на КЦНА.

Состанокот на Политбирото доаѓа во време кога многу земји ги олеснуваат блокадите, и покрај тоа што светот брзо се движи кон мрачните броеви од 10 милиони потврдени, а половина милион починати од коронавирусот.

Северна Кореја повторно ги отвори училиштата, но ја задржа забраната за јавни собири и наложи носење маски на јавни места, изјави во средата претставник на Светската здравствена организација (СЗО).

Иако државата сè уште нема потврдено ниеден случај на зараза, за што експертите велат дека е малку веројатно, нејзиното Министерство за здравство објави дека досега биле тестирани 922 лица - сите негативни. Стотици луѓе, претежно оние вработени во пристаништата или на границите, редовно се ставаат во карантин.

Во текот на вчерашниот ден во светот имало 176.000 новозаразени со Ковид-19

Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени сега веќе надмина 10,5 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Најголем број на дневни инфекции во светот беа регистрирани на 29 јуни, кога имаше 189.000.

СЗО, преку соопштение, наведува дека вчера, на 2 јуни, во светот биле потврдени нови 176.102 случаи и дека вкупниот број на заболени сега се зголемил на 10.533.779 лица.

Оттаму додаваат дека досега од Ковид-19 умреле 512.842 лица, пренесува Тасс.

Поголемиот дел од новите случаи се потврдени во Јужна и Северна Америка. Во текот на вчерашниот ден, таму се регистрирани 99.202 новозаразени лица, а умреле 3.022 лица.

Во Еврипа има 198.405 нови случаи, со што вкупно досега се зазразени 2.747.810, а вчера на Стариот континент умреле 531 лица, или вкупно досега 19.736.

Земјата со најмногу случаи на коронавирус се уште се САД, каде заразени се 2.616.949 лица, потоа следи Бразил со 1.402.041, Русија со 661.165 и Индија со 604.641 заразена. 

Прага го славеше крајот на епидемијата со голема забава

"Збогум Корона?" - Илјадници луѓе во Прага го прославија крајот на епидемијата со голема забава. Илјадници луѓе седеа на маса долга 500 метри на мостот Чарлс во Прага во вторникот за да го прослават укинувањето на мерките преземени во Чешка за спречување на епидемијата на коронавирусот.

„Ние сакаме да го прославиме крајот на кризата со  тоа што ќе им дозволиме на луѓето да се сретнат и да покажат дека не се плашат, дека не се плашат да земат парче сендвич од соседот“, рече Ондреј Кобза, организатор на настанот и сопственик на кафеана

„Општеството не треба да се плаши. Во спротивно, ќе се соочиме со економска криза, рецесија и ова ќе нè повреди многу повеќе од Ковид-19 ““, додаде тој.

Со бесплатна храна или пијалок, учесниците на оваа вечера го споделија својот оброк на овој мост од 14 век, симбол на чешката престолнина, со оркестар и песни околу масата украсена со маргаритки.

„Бев информиран за настанот преку Фејсбук и видов дека е интересен“, рече Галина Комсенко-Крецикова, Русинка која живее во Прага која отиде на вечера со својот сопруг.

Чешката Република, земја со 10,7 милиони жители, ги презеде повеќето мерки во епидемијата на коронавирус. Вкупно досега во земјата се пријавени околу 12.000 случаи и помалку од 350 смртни случаи.

Од 1 јули, на Чесите веќе нема да им се бара да носат маска на јавни места, освен болници, старечки домови, метрото во Прага и во две области на северо-истокот од земјата каде има пораст на случаи на ковид-19 во рудници за јаглен.

Исто така во Прага маската ќе биде задолжителна на собири со повеќе од 100 лица во затворен простор.

Популарно