Кој се ќе добие картичка од 3.000 и 9.000 денари?

Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување.

Според списокот кој го испратила Агенцијата до генералниот секретаријат до 22 мај има 119.000 вакви лица, додека околу 85.000 другите лица кои бараат работа и се пријавуваат на шест месеци, не влегуваат во оваа листа.

Но последниот филтер кој ќе добие картичка ќе го прави УЈП која ќе ги избрише тие кои имале приход по разни основи кои надминале 15.000 денари месечно.

Картичка со сума од 3.000 денари пак ќе добијат вработените со вкупни приходи не само од плата, до максимум 15.000 денари месечно.

На, списокот со помош од 3.000 денари ќе бидат и сите редовни средношколци и студенти од 16 до 29 години,но само од државните училишта и универзитети. Бројките сега се сумираат од повеќе институции, а финансии очекува во овие мерки да влезат околу 280.000 лица, за кои се издвоени вкупно 25 милиони евра.

Генералниот секретар Драги Рашковски, за Телма вели дека до крајот на денешниот ден ќе ги имаат сите списоци кои потоа треба да ги филтрира УЈП во однос на приходите на овие лица.

Недостасува уште бројот на медицински лица вклучени во борбата со болеста кои на овие платежни картички треба да добијат вкупно 40 проценти од послената нето плата, и да ги трошат за купување на домашни производи.

Опозициската ВМРО -ДПМНЕ ја обвини власта дека со мерките прави предизворен поткуп на гласачи, а антикорупциска се произнесе дека под нејзина лупа ќе биде реализацијата на владините мерки, особено на исплатата на парите на граѓаните од третиот пакет.

Граѓаните картичките од банките ќе ги добијат на почетокот на јули, а ќе треба да ги потрошат парите на купување на домашни производи и услуги, до крајот на месецот.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно