Лошо: Канал 5 пренесува дека денешната бројка на новозаразени може да стигне преку 80 лица

Канал 5 ТВ бара од Министерот Филипче од денес ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги објавува скопските општини но и улици во кои се детектираат нови заразени,пред се  за да се намали овој пик, и да не се заразуваат неинформирани сограѓани!

Последната информација која ја добивме од ИЈЗ е дека само кај нив се регистрирани 52 случаи на новозаразени, а се чекаат и другите лаборатории.

Неофицијални вкупната бројка може да биде поголема и од 80 лица, што очигледно е доказ за нечија неодговорност , особено на оние институции и поединци кои дозволија верските заедници да си ги празнуваат празниците, очигледно без речиоси никаква заштита.

Дополнително, јавна тајна е дека дека во Чаир и Сарај подолг период работеа угостителските објекти, чајџилници и сл., така да некој до МВР ќе мора да одговори зошто ова прекршување на уредбата на Владата не е контролирано и санционирано од нив? На пример, Министерот Чулев? Што се случува во државава, дали едни закони важата за Сарај и Чаир а други за останатите општини во Скопје?

Ќе одговара ли некој за дозоволувањето на православните храмови да го прославуваат Велигден , и особено за исламските верски објекти за прослава на Фитр Бајрам? Зошто цела нација да биде заложник на 1000 неодговорни лица, меѓу кои спаѓаат и мал делод  оние од комисијата за заразни болести, кои очигледно направиле огромна грешка. Дополнително, малку им се верските објкетки и празници, па сега ќе дозволат и фудбалска лига да продолжи!

Дозволата за отворање на угостителски објекти беше очигледно погрешно реализирана, од причина што се очекуваше еуфорична реакција на граѓаните кои со недели немале социјален контакт во угостителски објект, а при тоа изостана неколкудневна обука, и задолжителна државна контрола на објектите кои одамна се знае дека се најфреквентни, особено оние во скопско Дебар маало

Јавноста очекува одговори, но и одговорност!

Извор - Kanal5

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно