ДЕТАЛИ ЗА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беа регистрирани 76 пациенти позитивни на коронавирусот, додека еден пациент од Струга почина. Од новозаболените, најголема бројка е регистрирана во Скопје (52) и Тетово (14). Со ова вкупната бројка на заразени во Македонија изнесува 2.391.

Од регистрираните нови случаи 21 се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде истите биле тестирани.  

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип. Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.148 машки и 1.222 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 507 (21,4%), а кај возрасната група од 50-59 години има 479 заболени. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 24 се на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (52,4%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,6%) и болка во грло (14,1%).

Кај 791 или 33,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.  Пријавени се 22 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 273 (11,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 141 смртен случај (Лт = 6,0%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=90). Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 45 кај лица од женски пол.  Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 132 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Во Македонија извршени се вкупно 31.187 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 634 лица (26,8%) се активни случаи, 1.595 случаи (67,3%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 352 (22,1%) биле хоспитализирани додека останатите 1.243 (77,9%) биле на домашно лекување.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно