Од цената ќе ви се заврти умот

Вељко и Богдана утринава својот син го одведоа дома во својата вила на Дедиње.

Сите забележаа дека Вељко го изнесе својот син од болница во транспортер на кој имаше дизајн со тигар, инаку симбол на српската волонтерска гарда, чиј командант бил Жељко Ражнатовиќ Аркан, а истиот го дизајнирала славната британска пејачка Палома Фејт, која го дизајнирала изгледот на неколку бебешки колички.

Неговата цена на официјалната веб-страница е 999,95 фунти, или 1.122 евра.

Да потсетиме, Богдани по царски рез го роди д-р Миленко Пророшиќ, кој и го роди мајката на Веjко, Светлана Цеца Ражнатовиќ и двапати.

Цеца: Страшно е ова што ни го прават мене и на Новак

Светлана Ражнатовиќ Цеца, одлучи да проговори за актуелната тема за корона вирусот и кажува дека ги почитувала сите мерки на забрани за собири, и во ниеден момент не се осетила виновна поради прославата која ја организирала по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко.

-Апсурдно е луѓето да линчуваат затоа што на нивната забава или турнир некој бил заразен со корона. Никој немаше лоша намера, а на крајот на краиштата секој дошол на своја одговорност, и на турнирот и на мојата прослава. Но, затоа што сега е во ек короната, работите се поставиле како јас да сум го донесола вирусот од Кина и сум го пренела на прославата, раскажува Цеца за српските медиуми.

-Страшно е тоа, а страшно е и ова што му го прават на Новак! Човекот доби дозвола да организира турнир. Му дозволија Хрватска, Србија и Босна. Не е ни во моја моќ, ни во моќта на Новак да одлучуваме што треба, што не, туку постојат стручњаци кои донесуваат такви одлуки, додаде таа.

-Не се чуствував виновна во ниту еден момент. Додека важеа мерките за забрана на собири, јас ги почитував. Истата вечер кога беше мојата прослава, во Белград се отворија и неколку ноќни клубови и сплавови. Па одржана е и утакмица помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан. Значи, државата даде дозвола ние да функционираме нормално на основа на проценка од стручњаци. Немав никакви тешкотии. Се чувствував потполно здраво, но превентивно се тестирав заради бебето. Едноставно, ми беше важно Жељко да биде здрав, не сакав да ризикувам, затоа што не сум себична, заклучи фолк дивата.

извор: kurir.mk

(Фото) Први фотографии од Луна Џогани по напуштање на „Задруга“

Луна Џогани синоќа ја напушти „Задруга“, а денес таа беше сликана од папараците, пред зградата во која живее.

Луна излезе пред зградата во која живее за да го прошета своето куче Лола и се појави на улица во целосно опуштено издание.

Без шминка, со косата собрана во пунџа и во кратки шорцеви и апостолки. Во продолжение може да ги погледнете фотографиите:

(Видео) Снимка која ќе ве расплаче: Средбата на Луна и Нина е ептен емотивна

Победничката на втората сезона во „Задруга“, Луна Џогани ја напушти Белата куќа и се поздрави со своето момче Марко Миљковиќ, како и родителите Анабела Атијас и Гаги Џогани.

По излегувањето ја пречекаа братот Адам Џогани, тетката Наѓа, другарката Сара и поранешниот учесник Павле Јовановиќ, а ја пречека и сестрата Нина.

Тоа што ги воодушеви сите беше пречекот на Нина на нејзината сестра. Поточно беше снимена нивната средба и потоа беше објавена на социјалните мрежи.

Како изгледаше тоа може да погледнете во продолжение на видеото.

Популарно