Денеска се отвора живеалиштето на фламингата во Зоолошка

Денеска ќе биде отворено живеалиштето за фламинга во Зоолошка градина Скопје. Овој проект е изработен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа.

По тој повод ќе се одржи прес-конференција во Скопје ЗОО, точно пред новото живеалиште за фламинга, во 13 часот. На пресот ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Во Скопје ЗОО, во новата мала лагуна, живеат 15 фламинга.

ВИДЕО: Невремето ги поплави улиците во главниот град

Невремето со силен дожд кое вечерва го зафати Скопје, ги поплави градските улици и булевари и предизвика големи потешкотии во сообраќајот.

На снимка од населбата Кисела Вода се гледаат вистински реки и преплавени шахти за атмосферска канализација, а поплавени се речиси сите улици во населбата.

Според видеата на А1Он слична ситуација е речиси во сите населби во Скопје, погледнете:

Скопје денеска одбележува четири години од поплавите во кои загинаа 22 лица

Скопје денеска одбележува четири години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

(Видео) Погледнете како изгледал еден топол летен ден низ Скопје во 1986

Оваа видео снимка, која е дело на непознат автор а датира од 1986 година, го регистрира животот во строгиот центар на Скопје и овозможува барем посредно да го почувствуваме некогашниот пулс на можеби најважниот дел од градот.

Снимката несомнено барем за момент ни го доловува животот во Скопје пред речиси 30 години.

Популарно