Скопски Чаир е на врвот по број на заболени од Ковид-19

Од вкупно 175 нови потврдени случаи на Ковид-19 во Македонија, дури 131 е во Скопје.

Со овие нови заразени, бројката на активни случаи во Скопје се искачи на 829.

Најпогодена општина е Чаир каде што има 209 активни случаи, речиси една четвртина од вкупниот број.

По општини активни случаи во Скопско заклучно со вчера:

•       Чаир-209

•       Бутел-76

•       Аеродром-75

•       Гази Баба-75

•       Центар-73

•       Карпош-72

•       Сарај-64

•       Кисела Вода-43

•       Ѓорче Петров-35

•       Шуто Оризари-26

•       Студеничани-24

•       Арачиново-24

•       Илинден-19

•       Петровец-6

•       Чучер Сандево-4

•       Сопиште-2

•       Странец-2

ВИДЕО: Невремето ги поплави улиците во главниот град

Невремето со силен дожд кое вечерва го зафати Скопје, ги поплави градските улици и булевари и предизвика големи потешкотии во сообраќајот.

На снимка од населбата Кисела Вода се гледаат вистински реки и преплавени шахти за атмосферска канализација, а поплавени се речиси сите улици во населбата.

Според видеата на А1Он слична ситуација е речиси во сите населби во Скопје, погледнете:

Скопје денеска одбележува четири години од поплавите во кои загинаа 22 лица

Скопје денеска одбележува четири години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

(Видео) Погледнете како изгледал еден топол летен ден низ Скопје во 1986

Оваа видео снимка, која е дело на непознат автор а датира од 1986 година, го регистрира животот во строгиот центар на Скопје и овозможува барем посредно да го почувствуваме некогашниот пулс на можеби најважниот дел од градот.

Снимката несомнено барем за момент ни го доловува животот во Скопје пред речиси 30 години.

Популарно