СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во заедничка коалиција по изборите: Причината е јасна

На 15-ти јули ќе се одржат одложените парламентарни избори, кои првично требаше да се одржат на 12-ти април, но поради пандемијата со корона вирусот, истите беа одложени. Сега, за прв пат ќе се гласа три денови, а втор пат главниот ден на изборите ќе биде среда.

Овие избори од многу аспекти ќе бидат поразлични од другите, а не е исклучена можноста и коалицирањето после изборите да биде многу поразлично од она нормалното на кое сме навикнати до сега.

Обично имаше коалиции победник со победник, а на последните парламентарни избори имаше владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, иако СДСМ имаше два пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ, кои заминаа во опозиција.

Сега сите опции се во игра, секој со секого може да коалицира, а се погласно меѓу аналитичарите се зборува дека реална е опција и коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. А зошто е тоа така? Причината е јасна, нивниот коалициски партнер во минатото – ДУИ.

ДУИ влезе во кампања со крајно националистички барања. Во нивната програма влегува и мултиетничка химна, задолжителнио учење на албанскиот јазик, но и прогласување на 13-ти август денот на потпишувањето на Охридскиот договор како национален празник.

Промовирајќи ја својата програма Насер Зибери уште еднаш меѓу приоритетите го вброи ветингот на сите носители на јавни функции како и судии и обвинители. Порача дека назначувањето на иден премиер албанец нема ништо да им земе на македонските граѓани но мора да се почитува како што рече концептот еднакво општество за сите во кое ќе се донесуваат консензуални одлуки.

Зибери ја презентираше програмата само на албански јазик со обезбеден превод за медиумите пред Владата. На презентацијата беа присутни членови и симпатизери на ДУИ.

Сето ова буди голем револт, каков во СДСМ, така во ВМРО-ДПМНЕ, но и сите други албански партии освен ДУИ. Едноставно велат не е дозволиво со таква програма да настапуваат на изборите.

Дека е можно да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најави и поранешниот министер за образование и здравство во владите на Никола Груевски, Никола Тодоров.

Зошто да не СДСМ и ВМРО да направат коалиција? И така СДСМ е отворена и за македонските Албанци, има доста албански функционери, членови, но и доста албански гласови. А ја има и Беса во предизборна коалиција.

Зошто да нема коалиција помеѓу ВМРО, СДСМ, и БЕСА?

Или пак ако сме исто толку националистички настроени зошто да нема коалиција само помеѓу ВМРО и СДСМ без ниту еден Албанец во власта? Зошто да не? – Напиша Тодоров во својот статус на профилот.

Според досегашните анкети, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тешко веројатно е дека ќе имаат 61 пратеник, што би значело дека една од партиите ќе може може да направи влада, а ако условот на ДУИ е премиер Албанец, тогаш коалицијата СДСМ/БЕСА-ВМРО ДПМНЕ е се поизвесна.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно