Антонијо Милошоски е хоспитализиран на Инфективната клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.

Според нашите информации, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.

Пред 4 дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.

Нема информација дали и кога Милошоски се тестирал за новиот коронавирус.

(Видео) Обраќање на претседателот на МОРО - Работничка партија Горан Зафировски

Даночната политика и условите со отворање и функционирање на фирмите ке бидат во функција на остварување на поголеми плати на работникот. Фирмите ке бидат ослободени од сите скриени давачки освен од данок на државата и платата на работникот.

Ќе изгласаме закон за синдикално организирање, закон за најмала загарантирана исплатена саатнина и мерки кои се неопходни за остварување на вистинска вредност на трудот на работникот. Никој не смее да му должи на работникот.

MЗ: Утврдени нови 163 позитивни на Ковид 19, починале 8 пациенти, а 230 се оздравени

Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 87

-Куманово 7

-Дебар 2

-Штип 10

-Прилеп 3

-Тетово 16

-Струга 8

-Охрид 1

-Кавадарци 1

-Демир Хисар 1

-Гостивар 8

-Струмица 1

-Кратово 1

-Свети Николе 9

-Кичево 3

-Ресен 5

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од:

-Скопје 126

-Куманово 31

-Штип 11

-Прилеп 1

-Тетово 45

-Велес 7

-Кавадарци 1

-Гостивар 1

-Кочани 1

-Свети Николе 2

-Ресен 2

-Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Тачи: Ако Ахмети не е дел од Владата може да се случи сценариото од 2001

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска појасни дека неговата вчерашна изјава за војна доколку нема албански партнер во новата власт е ставена во лош контекст, истакнувајќи дека зборува за можните последици предизвикани од неговиот опонент Али Ахмети.

Барањето на Ахмети за премиер Албанец има директна закана, бидејќи тој е свесен дека ќе биде опозиција и последната алка му е национализмот и сака да ја направи тензијата голема. Бидејќи ако не биде тој во Влада, надевајќи се дека ќе биде прв кај Албанците, може да се случи сценариото од 2001. Мојата порака до граѓаните е граѓаните да не се вознемируваат, дека јас сум кандидат за заменик-премиер и ако седнам на тоа место, гарантирам дека Ахмети и ДУИ ќе го почитуваат гласот на граѓанинот и ќе бидат мирни како кокошки, порача Тачи.

Тој се наврати на политичката борба со поранешните претседатели Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, и воедно рече дека политичкото искуство го научило да расчисти со предрасудите.

Јас сум имал директни политички конкуренти со кои сум се тепал со години, почнувајќи од претседателот Глигоров до премиерот Црвенковски. Од оваа дистанца многу ги ценам двајцата и сакам и мене да ме ценат така. Во мојата политичка кариера имав многу политички јаки изјави, можеби други ги толкуваа како непромислени, но успеав да одржувам мир, или сите можни конфликти да ги менаџираме со многу мали последици. Напротив, мислам дека политичките партии на Македонците му даваат значење на Ахмети и ви се молам да не се занимавате со таа глупа идеја, со која се бори за својата лична кожа – порача лидерот на ДПА.

Според него, кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, дека подлежи на одговорност за напад врз ДПА во време кога беше заменик-премиер.

Популарно