(Фото) Игор и Илина си испринтаа маски со нивните имиња

Актерот Игор Џамбазов објави фотографија на која со неговата поубава половина, алпинистката Илина носат маски со нивните имиња, па му се заблагодари на својот пријател за уникатниот подарок.

Двојката подолго време е во Стар Дојран, во селото Сретеново, од каде речиси секој ден споделуваат слики и видеа.

(Фото) Сара Мејс си ја избричи главата!

Пејачка Сара Мејс е позната по тоа што честопати знае да експериментира со својот изглед.

За разлика од своите колешки од естрадата, таа има свој претпознатлив имиџ и тоа е за поздрав, бидејќи која е поентата да бидете ист како сите други.

Таа вчера на социјалните мрежи објави фотка на која се пофали со новата фризура, односно избричена глава.

(Фото) Катарина Ивановска го смени имиџот

Манекенката Катарина Ивановска го промени имиџот. Имено таа ја промени бојата на својата коса.

 Убавицата со новиот имиџ се пофали на социјалната мрежа Инстаграм каде што објави видео на кое што со заводлива насмевка на лицето позираше со новата фризура.

Здравко Чолиќ на почетокот НАСТАПУВАЛ ПОД ДРУГО ИМЕ

Здравко Чолиќ важи за еден од најдобрите пејачи на Балканот, а тој ретко го изложува приватниот живот во јавноста. За неговото минато малку се знае, а еден детаљ од почетокот на неговата кариера е заборавен речиси сите.

Имено, уште во 1974 година, Здравко Чолиќ имал голема желба да стане светска ѕвезда, па затоа потпишал договор со музичката куќа WarnerBros. Снимил неколку песни, т.е. мини-рекорд за германското говорно подрачје.

Секако, морал да го прилагоди неговото име така што Здравко станал Дравко. Како и да е, покрај германскиот, Здравко има пеено и на англиски јазик, во 1987 година, кога го издаде диско-синглот „Light Me – I'm Not a Robot Man“.

Сепак, тој брзо ја заборави својата светска кариера, откако ја освои Југославија со своите синглови, а сè друго стана историја.

Популарно