Кочанчанец кој не носел маска исте*ал вработен во маркет бидејќи бил предупреден да излезе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти МВР, на 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.

ДЗС: Зголемен бројот на смртност во Македонија

Бројот на починати лица лани е зголемен за 26 отсто во однос на 2019 година и изнесува 25 775 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за стстистика. Најголем број смртни случаи – 3 847, имало во месец ноември.

Поголем број од починатите се од машки пол и тоа 13 914 или 54 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на починати доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрени изнесува 0,4 проценти.

Според податоците на ДЗС, просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, а кај оние од женски 75,3 години или просечната возраст на смртност кај жените е повисока за 3,7 години.

Како и минатите години, најголемо учество имаат починатите лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99) што претставува 41,6 отсто, неоплазмите (шифра C00-D48) со 15.2 проценти, а потоа следат умрените како последица од пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 10,9 проценти.

Со 5,8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), додека оние кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 5,3 проценти од вкупно умрени, со 3,7 проценти се затапени лицата кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем, по што следат останатите заболувања, но со помала застапеност.

2 лица починати и 3 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје – 3.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:

• Скопје – 6

• Прилеп, Битола и Кичево – по 2

• Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273

Денес се регистрирани 8 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје – 3

• Струмица – 2

• Куманово, Велес и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:

• Скопје – 23

• Куманово, Прилеп и Кичево– по 7

• Гостивар и Охрид – по 6

• Битола – 5

• Тетово – 4

• Радовиш – 3

• Штип – 2

• Струмица и Дебар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287

Популарно