При контрола, во возило пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан

Во атар на селото Стојаково вчера во 23.40 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат  Гевгелија – Богданци, информира МВР.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно