Денес се регистрирани 168 новозаразени од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 83

- Куманово 8

- Дебар 2

- Штип 6

- Прилеп 3

- Тетово 26

- Струга 5

- Битола 2

- Охрид 8

- Гостивар 8

- Крива Паланка 1

- Крушево 1

- Кочани 1

- Пробиштип 2

- Македонски Брод 1

- Свети Николе 4

- Кичево 6

- Ресен 1

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

- Скопје 48

- Тетово 18

- Велес 1

- Гостивар 1

- Кочани 1

- Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Павле Богоевски: „Левица“ има депозит поголем од 30.000 евра во Еуростандард банка

Поранешниот пратеник Павле Богоевски тврди дека партијата „Левица“ предводена од нејзиниот лидер Димитар Апасиев на својата сметка во Еуростандард банка има повеќе од 30.000 евра кои, како што вели тој, се блокирани, па поради тоа партијата која освои два мандати на последните парламентарни избори шири паника во јавноста.

Во моментов депозитите во Еуростандард кај штедачите се осигурани само до 30.000 евра, а според еден од поранешните водачи на „Шарената револуција“, Левица има повеќе пари од таа сума и смета дека останатиот дел им е загрозен со одземањето на лиценцата на банката.

„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и' требаат тешко заработените пари на граѓаните???“, напиша Богоевски во дел од својот статус на Фејсбук.

Според него, овој депозит се парите кои државата им ги дели предизборно на политичките партии како помош за политичката кампања.

Учебната година ќе почне најрано на 15-ти септември

Учениците нема да почнат со настава до средината на септември.

Според информации на Сител од МОН, најрано до 15ти септември очекуваат да поминат законските измени и училиштата да се подготват и за настава во училишта и он лајн.

Според предлогот од Комисијата за заразни болести до трето одделение децата физички да присуствуваат во училиштата а останатите он лајн, од Кризниот штаб побарале дополнителни информации од образование, што значи неизвесно е дека денес Влада ќе ја донесе конечната одлука.

Повеќе детали во вестите во 16 часот.

На Македонците од утре за влез во Србија ќе им треба ПЦР тест не постар од 48 часа

ПЦР тест не е потребен на државјаните на Србија кои доаѓаат од споменатите држави.

Странците кои доаѓаат од одредени земји во Србија ќе мораат да имаат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб.

Оваа одлука се однесува на лицата кои доаѓаат во Србија од Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за „РТС“ епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Популарно