Владиката Агатангел: Венчавајте се млади, не чекајте да се смири ситуацијата

И покрај ширењето на заразата во земјава, младите да не ги одложуваат стапувањето во брак и венчавката во црква, само зашто потоа нема да можат да направат прослава во ресторан со многу гости. Ова е повикот што владиката Агатангел, одговорен за Повардарската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, им го упатува на младите, како и на сите оние што во овој период планирале да стапат во брачна заедница, а биле оневозможени поради рестрикциите и мерките за заштита, кои препорачуваат да не се одржуваат поголеми веселби и свадби. Тој е единствениот владика на МПЦ, кој во овој период на криза во земјата излезе со ваков апел кон младите луѓе.

– Новата заразна болест, која се прошири низ целиот свет ни го наруши животот на сите, ни ги измени сите планови. Како христијани не смееме да кукаме и да се плашиме, туку да најдеме нов начин на живеење.

За последните времиња во Евангелието се вели дека „луѓето ќе се женат и ќе се мажат“, односно, животот ќе си тече како и обично, па, така, и во текот на оваа ситуација мораме да вложиме усилба да си го живееме животот со претпазливост, но и без паничен страв. Многу млади парови планираа годинава да се венчаат, да го исполнат сонот на нивните родители, да започнат самостоен живот, но, како што рековме, плановите се нарушија. Многумина ги одложија венчавките, затоа што не можат да направат свадба во ресторан. Сите вие млади, кои планирате да стапите во брак, не одложувајте го тој момент туку и без свадба венчајте се во црква, да добиете благослов божји за брачен живот, па свадбата нека биде в година, заедно со крштевката – посочува владиката Агатангел.

Според него, децата на крштевање треба да се носат додека се мали, во присуство на помалку луѓе, бидејќи ако се одложи крштевањето, како што посочува митрополитот, тоа може долго да потрае, а децата растат, почнуваат да се плашат и да се срамат и може да останат некрстени.

– Сите вие млади, кои имате веќе 20 години, ве повикувам да бидете совесни и одговорни во вашите врски. Од менување многу партнери и партнерки нема да добиете голема полза, освен гревовен товар, кој подоцна ќе ви се одрази во животот.

Бидете внимателни еден кон друг, не повредувајте се, не навредувајте се, никако да не абортирате, никако да не изневерувате, независно дали сте во брак или во врска, и подготвувајте се за брак во помлада возраст, за да можете да добиете деца, но и да видите чеда од вашите деца. Векот е сѐ пократок, и да не го губиме времето на непотребни нешта. Како духовен родител на оваа епархија, се молам Бог да ве просветли и да ви го исчисти патот од сите пречки и со негов благослов да стапите во стабилна брачна заедница – посочува владиката Агатангел.

Извор: Нова Македонија

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно