Укинати турските серии во Грција

Грчката телевизија АНТ1 го укина емитувањето турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Аја Софија во Истанбул да ја претвори во џамија, пренесува „Телеграф.рс“.

Главниот и одговорен уредник Јоргос Пофантис изјавил дека одлуката е донесена и дека наскоро ќе биде претставена новата програма.

-По она што се случи со Аја Софија, донесовме одлука сериите да се забранат, изјави Пофантис.

Британскиот вид на Ковид 19 е откриен во Србија

Британскиот вид на Ковид 19 е откриен во Србија. Регистриран  е кај пантичка која од Лондон пристигнала во Белград. Имала негативен пср тест и лесни симптоми.

Исплашен сум бидејќи  има многу заразени со тој вид во Велика Британија, но засега нема место за паника, бидејќи изолизрани се контактите  со кои патничката од Лондон била изјави спрскиот претседател.

За британскиот вид  на корона светски епидемиолози тврдат дека е дури за 50 проценти позаразен и почесто ги напаѓа помладите лица. Досега е регистриран во 60-тина држави.

Покрај британскиот, паника во светот предизвикува и јужноафриканскиот вид на корона.

Новата мутација во Јужна Африка генетски научници ја откриле во ноември откако забележале драматичен пораст на инфекциите.  Тулио де Оливеира заедно со неговите колеги го развиле вирусот за да ги забрзаат своите истражувања. Заклучиле дека вирусот мутирал  за  полесно да се закачи на човечките клетки, правејќи ја болеста не повеќе смртоносна  од основниот вид но му помага да се пренесува многу полесно.

„Веруваме дека поминуваме низ нова пандемија со оваа варијанта која не само што се пренесува многу побрзо, туку и потенцијално има помала неутрализација“, изјави за CBS News генетскиот научник Тулио Де Оливеира.

Алекс Сигал кој е е постар истражувач во Африканскиот институт за истражување на здравјето вели дека новиот вид откриен во Јужна Африка има можност да ја намали ефикасноста на антителата кај луѓето инфицирани со оригиналната верзија на вирусот значително. Тоа значи дека  заразените во првиот бран би можеле да имаат мала заштита од новиот вид, а уште по вознемерувачки според Сигал е тоа  што  може да ги направи некои од вакцините помалку ефикасни.

„Јасно е дека го потценивме овој вирус“, вели тој. „Од друга страна, доказите сè уште ги нема дека вакцините ќе бидат засегнати и, секако, луѓето треба да продолжат да вакцинираат, бидејќи тоа е решението за оваа пандемија.

 Научниците нагласуваат дека имунитетот е само дел од сликата. Податоците за тоа колку вакцините се ефикасни против новиот вид нема да бидат достапни за брзо време, но во иднина, вакцините можеби ќе треба да се менуваат толку често за да штитат од мутациите  - како што е годишното вакцинирање  против грип со години.

Актерката Мира Фурлан починала од последици на вирусот Западен Нил

Тажната веста за смртта на актерката Мира Фурлан, која наводно починала во средата, на 20 јануари, а на нејзиниот твитер-профил беше објавена денеска, брзо се прошири низ целиот регион.

Како што пренесува Вечерњи лист, Фурлан веќе подолго време боледувала од вирусот Западен Нил кој ѝ го пренел заразен комарец.

Поради тешката болест, последните неколку месеци ги поминала во тешка состојба борејќи се за животот. Иако во болницата во САД ѝ била пружена најдобрата  лекарска помош и нега, за жал болеста била појака.

Автомобил влета на тротоар, па прегази шест пешаци

Сообраќајна несреќа се случи во Белград, кога возало влетало на тротоар, во близина на пешачкиот премин, во која беа повредени шест пешаци. Моментот на несреќата беше снимен од камерите.

При несреќата повредена е и жената возач на автомобилот, кој додека ротирала од судир со друго возило, прегазувајќи ги пешаците.

Возилото, движејќи се наназад, прво да удрило жена на тротоарот, а на видеото се гледа и група постари сограѓани собрани на тротоарот.

Жената која прво била удрена од автомобилот се обидела да избега, но не успеала во тоа.

Медиумите објавија дека жената возач на шкодата поминала на црвено светло.

извор:ulica.mk

Популарно