Нина Бадриќ ѝ возврати на жената која ѝ понуди да копа компири ако нема работа

Со денови на социјалните мрежи и медиуми се шири коментарот на една жена, во кој таа ги повикува хрватските пејачки Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее во последниве четири месеци.

„Еве за неколку дена го вадиме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и ни требаат аргати. Плаќаме 300 куни на ден. Ве молам од редакцијата да ја известите личноста ако сака да работи. Може да ја земе и Северина, Маја Шупут и сите оние што земаа помош од над 500 евра. Само порачете ѝ да не дојде во дизајнерскиот фустан од 2.000 евра, со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше дожд деновиве и е мошне калливо“, напишала една личност и собра речиси 2.500 лајкови и мноштво коментари.

Нина утрово на својот инстаграм-профил ѝ одговори на госпоѓата. Таа накратко напиша: „Да се насладуваш на нечија неволја е пораз за човечноста“.

„На толку многу сме помогнале, па би ѝ помогнале и нејзе во копањето на компирите“, одговорила Нина.

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Со оваа изјава Северина ги запрепасти припадничките на понежниот пол

Северина сите ги запрепасти со својата порака за 8. Март, па се појавија лавина коментари.

- Секоја жена треба секој ден да има Ден на жената. Успешните жени не би требало ништо да работат според мене. Секоја успешна жена треба да има мир и да се негува. Многу задачи си зададовме, ни треба само мир и негување, а не кариера, истакна Северина и сите ги зачуди.

Популарно