Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам конститутивната седница

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.

Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.

Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

Ќе се гласа со рака, со картончиња во три бои, зелена, жолта и црвена бидејќи во оваа сала нема инсталирано систем за гласање.

На секој што ќе влезе во собраниската зграда ќе му биде измерена температура а пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Презентирана Националната платформа за онлајн учење

Учебната 2020-2021 година ќе се одвива преку Националната платформа за онлајн учење, која е инклузивна, едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Платформата е практична, лесна за користење и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои тие секако често ги користат.

Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницита и наставникот и ќе може да ги користи сите поставени аудио и видео материјали на платформата и да ги изработува домашните задачи, а наставата нема да биде здодевна и ќе има брзи квизови, тестови и други иновативни содржини.

Обуките за користење во прво ниво опафтиле 30 национални обучувачи, во второ ниво се опфатени 1 600 наставници номинирани за училишни обучувачи и тие понатаму ќе треба да ги обучат сите наставници на ниво на поедини училишта.

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција за промоцијата на платформиата, ги повика сите и наставниците и родителите да го поддржат процесот, а на децата им порача да ги зграпчат сите можности, зошто доброто образование гради слободни граѓани.

– Пандемијата ја наметна потребата да согледаме зошто ни е потребен образовен систем во добра кондиција и дека посветено треба да работиме на негова дигитализација, реформа и подобрување. За прв пат создадовме единствена национална платформа за оналјн учење, што ја креиравме исклучиво со домашни ресурси и експерти. Ова не охрабрува и дава поттик за нејзино усовршување и прилагодување на потребите на секој ученик во нашата држава, изјави Заев.

Посочи дека платформата е прилагодена освен на македонски, за држење настава на албански, турски, српски и бошњачки јазик.

– Подготвеноста на институциите и образовниот систем за промени е доказ за континуирана посветеноста кон долгорочните цели – квалитетно и иновативно образование по мерка на секого. Како Влада ја даваме безрезервната поддршка за имплементација на овој процес, истакна Заев.

Пандемијата, порача тој, недвосмиселно покажа дека како држава треба многу да научиме за планирање на инвестициите во образованието и колку е се тоа важно за сите нас.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, рече дека подготовката на платформата е влог во иднината и модернизација на образованието.

– Платформата е првиот исчекор кон модернизација на образованието. Нова алатака, која сум убедена дека ќе биде значаен ресурс и по надминување на кризата со корона вирусот. Периодот што следи нема да биде лесен ниту за професиорите, ниту за родителите, ниту за учениците. Промените се секогаш тешки и прилагодувањето бара огромна жртва од сите нас, изјави Царовска.

Комбинираниот пристап што го избравме, Царовска изрази уверуавње, дека ќе обезбеди добар баланс меѓу обезбедување на добро образование и заштита на  јавното здравје.

– Учениците ќе може да предлагаат надоградување и менување на платформата и со тоа директно ќе се вклучуваат во изработка на решенија што тие ги сметаат за прилагодени на нив. Платформата ќе овозможи учениците и просветните работници заедно да го унапредуваат нашети образование не само за сега, туку и за иднина, порача Царовска.

Национланата платформа за учење од далечина е резултат на соработка на МОН, Факултетот за информатички науки и компкутерско инжинерство и МАСИТ. 

Врховен ги потврди казните затвор за Груевски, Поповски и Јанкулоска

Врховниот суд ги одби поднесените барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната.

Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.

Тројцата се осудени дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Возилото беше купено за 600 илјади евра.

Филипче: Во училиште можби ќе се вратат и другите одделенија

Од 1 октомври, со физичко присуство во училиште би можеле да одат и други одделенија. Одлуката за промена на режимот на движење за граѓаните треба да биде донесена на следната онлајн-средба меѓу здравствените власти на земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција, најавува министерот за здравство Венко Филипчe.

„Враќање на училиште и на други одделенија може само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епиде*иолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал. На пример, имаме регионално училишта во кое учениците се заедно во едно одделение од прво до петто, од 10 до 15 или 7 деца. Ги анализиравме училиштата, на тие ќе им дозволиме, но ако веќе има една одредена бројка на деца, 20-на од прво до трето одделение нема да се дозволи на останатите одделенија, заради тоа што со тоа ризикот се мултиплицира. Еден е ризикот да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, ама повеќе од двојно ќе биде ризикот уште толку деца да ставиме од четврто, петто и шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници. На пример, ако е некоја наставничка позитивна и дојде во контакт со голем број на деца тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел“, вели министерот Филипче.

Следната недела се очекува одлука за отворање на границите меѓу земјите во регионот, најавува Филипче.

„Одлуката за промена на режимот на движење за граѓаните од регионот, кој беше воспоставен од почетокот на здравствената криза, треба да биде донесена на следната онлајн-средба меѓу здравствените власти на земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција. Епи*емиолошката состојба е слична во целиот регион, па властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за болеста. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата“, рече Филипче.

Популарно