Хрват ја снимил експлозијата: Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал

Хрватски државјанин, кој работел на пристаништето во Бејрут, успеал да го сними моментот на разорната експлозија за која вели личела како да паднала атомска бомба.

Дрво се виде облак од чад, а потоа не’ погоди експлозијата. Ни ги скрши сите прозорци и ја свитка вратата на бродот. Скокнавме од кабината и легнавме на под, не знаевме што е. Еден од нашите е повреден. Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал, раскажува за „24 сата“ .

Со колегите од Хрватска бил на брод закотвен на пристаништето кога најпрво слушнале две силни експлозии. Виделе како гори складиштето.

Сè се одвиваше во 15 минути. Имаше многу луѓе покрај бродовите, бидејќи работното време беше при крај. Видовме одалеку како гори некое складиште. Гореа и делови од дигалките. Не знаевме каде да бегаме кога се слушна силната експлозија. Еден колега заврши со скршеница, па го пренесовме во болница. Тука е хаос, вели Хрватот.

Тој посочува дека во Бејрут немале доволно пакети за прва помош колку што има повредени лица во експлозијата.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

– Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман.

Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.

Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.

“Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.

Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Популарно