Дневен хороскоп

ОВЕН

Може да очекувате позитивни случувања кои водат до нови можности за работа кај вас. Полека се зближувате соо личност која ви се допаѓа. Подготвени сте да влезете во нова љубовна врска. Можни се проблеми со стомакот.

БИК

Време е да преземете малку поголема одговорност на себе за да може да остварите подобрување на работните услови. Импулсивно реагирате во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со грлото.

БЛИЗНАЦИ

Можно е во текот на денешниот ден до вас да дојдат нови вести кои може да ви бидат од големо значење за работата. Може да очекувате многу интересни случувања со личноста која ви се допаѓа. Намалете го внесувањето на шеќер.

РАК

Не е поволен ден за потпишување договори како ни почеток на нова работа. Ви одговара флертот но не сте подготвени да одите до крај. Можеби едноставно не сакате врска со било кого. Внимавајте на градниот кош.

ЛАВ

Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете брзо и лесно да остварите некои планови поврзани со работата. Доколку постои личност која ви се допаѓа, ве очекува поволен  период да започнете врска со неа. Помал пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Во текот на денешниот ден ве очекува поволна атмосфера на деловно поле. Може да очекувате добри околности. На љубовно поле ве очекуваат позитивни промени со кои ќе бидете задоволни. Одлично се чувствувате и полни сте со енергија.

ВАГА

Може да очекувате поволен ден за решавање на деловен проблем кој ве мачи од претходно. Ако имате партнер пред вас претстојат големи предизвици. Сега е време да го покажете своето вистинско лице во односот со него. Чувајте се од можни воспаленија.

ШКОРПИЈА

Потребно е да бидете директни и отворени во деловните понуди ако сакате да склопите нова соработка. Може да очекувате интересно познанство со личност која ќе ви се допадне, а почетокот на нова врска е блиску. Минлива главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Направивте добра деловна соработка која ви носи стабилни приливи на финансии. Задоволни сте. Ви одговара дружењето со личност која ви се допаѓа. Може да очекувате постепено напредување како пар. Здравјето е во ред.

ЈАРЕЦ

Се обидувате да ја анализирате ситуацијата во која се наоѓате и да најдете решение за проблемите кои ве оптеретуваат. Покажете малку флексибилност и разбирање кон партнерот на кого му е сега тоа потребно. Ве мачи внатрешниот немир.

ВОДОЛИЈА

Не се препорачува да започнувате нови работи или било какви ризици денес. Дајте си себеси и на партнерот доволно време за да успеете да ја пренесете вашата врска на повисоко ниво. Болки во грлото и проблеми со синусите.

РИБИ

Ве очекуваат важни промени кои ќе ви донесат многу среќа и задоволство. Може да очекувате поволен ден за работа. Можеби малку го разочаравте партнерот и вашата врска не оди во посакуваниот правец. Потребна ви е диета.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Хронично сте уморни и тоа се манифестира низ вашата соработка со колегите. Наспроти тоа на љубовен план функционирате одлично благодарение на поддршката и наклонетоста која ја добивате од партнерот. Имунитетот ви е слаб и е време да превземете нешто по тоа прашање.

БИК

Приливот на финансии на самиот почеток на работната недела овозможува работата да ја започните прилично расположени. На љубовно поле се навидуваат проблеми. Ве очекува поголема расправија со партнерот во текот на која нема да внимавате на своите зборови. Нервите се загрозени.

БЛИЗНАЦИ

Се сомневате во своите способности па дури ни поддршката на соработниците не помага да се чувствувате подобро. Во љубовната област ситуацијата е поинаква, ги покажувате своите чувства на спротивен начин. Можна е забоболка.

РАК

Расположени сте за работа и буквално се фрлате на работните обврски. За раслика од деловната област, на љубовно поле нема никакви случувања дури ни најава за истите. На здравствено поле доаѓа до стабилизација.

ЛАВ

Вашата упорност конечно донесува резултати. Се радувате на малите успеси затоа што ги доживувате како најава на поголеми промени. Инсистирате на отворена комуникација со партнерот. Очите ви се упорни поради постојаното гледање во екранот.

ДЕВИЦА

Уморни сте од обврските и сте деловно демотивирани. Што се однесува до љубовта не ништо подобро. Исцрпени сте од незадоволувачките врски и размислувате за раскинување. Хроничните проблеми со коските се и понатаму актуелни.

ВАГА

Не се чувствувате најдобро на работното место. Полни сте со деловни идеи но колегите не ги прифаќаат. На емоционален план сте задоволни и тоа го компензира недостатокот од задоволство на работното место. На здравствено поле се присутни хронични проблеми.

ШКОРПИЈА

Пред вас е проблематичен ден во кој нема да успеете да ги извршите сите деловни обврски. Незадоволни сте од љубовната сфера поради однесувањето на партнерот. На здравствено поле се присутни проблеми со дигестивниот систем.

СТРЕЛЕЦ

Полни сте со енергија и подготвено се соочувате со деловните обврски. Не постои емоционален интерес за нити една личност. Можни се проблеми со притисокот па е пожелно да избегнувате нервирање.

ЈАРЕЦ

Веќе на самиот почеток на неделата ве очекуваат проблеми на работното место. Денес е поволен ден за ново познанство со личност која веднаш ќе ве шармира. Б било добро да обрнете внимание на исхраната и имунитетот.

ВОДОЛИЈА

На самиот почеток на работната недела ве очекуваат тешкотии кои успеете да ги решите. Не сте расположени за нови познанства и денот го поминувате дома. Можни се проблеми со притисокот па е подобро да останете дома.

РИБИ

Полни сте со енергија, вредни и работната недела ја започнувате со голем оптимизам. Имате јасно поставени цели. Вашиот однос спрема партнерот е доста посесивен а тоа и смета. Што се однесува до здравјето, пред вас е солиден ден.

Порта.мк

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби овој викенд ќе направите грешка која негативно ќе се одрази на вашата деловна ситуација. Партнерот се обидува да ви ги објасни грешките кои ги правите кон него. Проблеми со главата. Посетете доктор.

БИК

Делувате расеано иако не сте такви. Пред вас е период во кој тешко ќе прифаќате одговорност. Емотивно сте незадоволни и пред вас е една голема дилема – да си отидете или да останете. Можни се проблеми со циркулацијата.

БЛИЗНАЦИ

Можеби сега не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени група луѓе, подобро е на обврските да им се посветите сами. Доколку сте планирале некој сериозен разговор со саканата личност, сега е моментот за тоа. Чувајте се од повреди.

РАК

Можеби не ви е лесно да донесете некои деловни одлуки и некои дилеми ве кочат денес. Доколку имате партнер, ве очекува поволен ден во кој ќе го поправите меѓусебниот однос. Хронични тегоби.

ЛАВ

Можно е викендов да имате некоја помала штета на работа. Водете сметка за своите обврски. Можеби подолг период сте осамени и повеќе не сакате да се чувствувате така. Избегнувајте алкохол.

ДЕВИЦА

Најдобро е овој викенд да избегнувате било какви деловни обврски за да не дојде до некоја штета. Внимавајте да не претерате со љубомората која почнува да ве оптеретува. Посетете доктор поради контрола.

ВАГА

Ќе бидете генерално опуштени и подготвени да се посветите на својата работа на еден смирен и зрел, одговорен начин. Имате добар однос со саканата личност и среќни сте кога сте заедно. Ве очекува поволен ден. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Максимално сте ангажирани и работата ви е на прво место. Ве очекува период во кој нема да имате никакви дилеми околу емоциите, знаете кого сакате покрај себе. Потребна ви е поинтензивна физичка активност.

СТРЕЛЕЦ

Можни се значајни финансиски пресврти во наредниот период. Ве очекува подобрување на ситуацијата. Ќе имате викенд кој не е премногу поволен за љубов. Можеби не ви е лесно да се разберете со партнерот. Зголемен апетит.

ЈАРЕЦ

На некој начин сте оптеретени со грижи и проблеми. Пред вас е период во кој нема да биде лесно да ги решите. Ново познанство ве очекува кое може да внесе среќа и возбуда во вашиот живот. Можна е силна главоболка.

ВОДОЛИЈА

Викендов ќе имате позитивни околности на деловно поле и среќата ќе биде на ваша страна. Ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале и полека смислувате начини како да и се приближите. Можна е несоница.

РИБИ

Ќе бидете многу напнати и нервозни што може негативно да се одрази на вашето деловно опкружување. Кога станува збор за љубовта, пред вас е фаза во која може да имате некои поголеми дилеми. Проблеми со циркулацијата.

Порта.мк

Дневен хороскоп

ОВЕН

Овој викенд ќе бидете расположени за комуникација но не и за деловни отстапувања. Емоционално ќе бидете презадоволни и ќе подготвувате некое изненадување или поклон за вашата друга половина. Чувствителни дишни патишта, внимавајте на студените напитоци.

БИК

Овој викенд ќе биде поволен ден за вашите финансии а тоа ќе влијае позитивно на вашето расположение. Задоволни сте од секој аспект во вашиот живот. Уживате во љубовта со партнерот, испланирајте кратко патување или излет во природа, недалеку од местото на живеење. Ќе се чувствувате полетно.

БЛИЗНАЦИ

Нема да бидете задоволни од деловната ситуација на работното место и ќе размислувате што да направите за да доведете до промена на клучни нешта. Имате потреба за дружба, органзирајте средба со пријателите и партнерот. Чувствителни синуси.

РАК

Планирате нови деловни подвизи и тоа со многу ентузијазам. Љубовта не ви оди многу од рака и размислувате каде грешите кога се во прашање односите. Здравјето ви е солидно но ќе ви годи прошетка во природа.

ЛАВ

Силите полека ве издаваат кога е во прашање работата. Потребен ви е одмор за да соберете нови сили во борбата со деловните проблеми. Во емоционална смисла овој викенд е одличен за кратко патување со партнерот кое ќе ви го подигне расположението. Здравјето е непроменето.

ДЕВИЦА

Користите интуиција за правење на деловни планови и при пристапот со деловните соработници. Незадоволни сте кога се во прашање љубовните односи и имате чувство дека не можете да го контролирате тој дел од вашиот живот. Здравјето е задоволувачко.

ВАГА

Работата ви оди од рака и правите конкретни деловни планови за идниот период кои ќе се покажат како доста успешни. На љубовно поле ве чека пријатно познанство и љубовна понуда за која ќе се двоумите, ве советуваме да ја прифатите. Здравјето ви е добро.

ШКОРПИЈА

Нерасположени сте за деловни обврски и сметате дека би било подобро да одморите и да ја оставите работата за подоцна. Партнерот има проблеми со некој свој близок и се обидува да ви го каже тоа и да побара совет. Физички сте исцрпени.

СТРЕЛЕЦ

Расположено правите нови планови и убедени сте во својата способност за деловен успех. Емоционално сте потонале и не правите ништо за да ја подобрите ситуацијата затоа што не гледате излез од неа. Во физичка смисла се чувствувате добро.

ЈАРЕЦ

Размислувате која стратегија да ја примените на претстојните деловни состаноци. Некои состаноци ќе бидат одложени за подоцна. Имате нагласена потреба за љубов и интима со партнерот. Здравјето е солидно.

ВОДОЛИЈА

Моментално работата не ви е приоритет. Имате потреба да се осамите и на мира да размислувате за идните деловни планови. Заљубени сте и времето му го посветувате на вашата друга половина и на тој начин ги полните своите батерии. Чувствителни бубрези.

РИБИ

Деловно сте задоволни и размислувате како потег да превземете во иднина. Имате потреба за интима и блискост. Организирајте го вашето време на тој начин што ќе се посветите повеќе на себеси, но исто така издвојте време и за партнерот. Што се однесува до здравјето, се чувствувате енергично.

Популарно